Ервин Зелеринг

германски политичар

Ервин Зелеринг (германски: Erwin Sellering; р. 18 октомври 1949 во Шпрокхефел близу Бохум) — министер-претседател на германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија од 2008 година. Моментално живее во Грајфсвалд.[1][2]

Ервин Зелеринг (2013)

Зелеринг студирал право и живее во Мекленбург-Западна Померанија од 1994, каде започнал да работи во судовите на Шверин и Грајфсвалд.[1] Како член на Социјалдемократската партија на Германија, работел во владата на Мекленбург-Западна Померанија од 1998, најпрвин како државен секретар, подоцна како министер за правда, а од 2006 како министер за социјални работи.[1] Во 2007, станал претседавач на неговата партија за Мекленбург-Западна Померанија.[1] Во 2008 го наследил Харалд Рингсторф како премиер на покраината.

Зелеринг е познат како многу строг кон неонацистите и учествува во промовирањето на семејниот живот и семејствата.[1] Тој е оженет и има две деца.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 handelsblatt, 22.8.2008, „Der adrette Jurist[1] Архивирано на 22 ноември 2008 г.
  2. Erwin Sellering im Portrait at nachrichten.t-online, 24 август 2008 [2][мртва врска]

Надворешни врски уреди