Ератостен од Кирена — старогрчки математичар, поет, атлетичар, географ и астроном. На него се препишуваа системот на Земјиниот географски координатен систем, а претставува и првиот научник кој го пресметал обемот на Земјата[1].

Ератостен
An etching of a man's head and neck in profile, looking to the right. The man has a beard and is balding.
Роден(а)276 п.н.е.
Кирена
Починал(а)194 п.н.е.
Александрија
НародностГрк
Познат(а) поЕратостеново сито

Мерење на обемот на Земјата уреди

 
Мерење на обемот на Земјата

Смислил очигледен и едноставен начин да го измери обемот на Земјата. Ератостен знаел за денот кога сонцето бил највисоко над Сиена. Одредил дека истиот ден во Александрија, Сонцето во својата највисока точка се наоѓа под агол 1\50 од кругот јужно од неговиот зенит. Ератостен смета дека Александрија и Сиена, кои ги зел како појдовни точки во своите мерења, лежат на ист меридијан. Освен тоа, нему му било познато дека во Сиена, напладне на 22 јуни, сончевите зраци го осветлуваат дното на еден бунар, односно паѓаат под прав агол, односно Сонцето е во зенитот на тој бунар. Во истиот ден и час, Ератостен во Александрија забележал дека сончевите зраци не паѓаат под прав агол туку со вертикалата заклопуваат агол, кој тој го измерил со помош на скафион и утврдил дека изнесува 1\50 дел од кругот или 360/50=7,20 . Тоа значело дека сончевите зраци паѓаат под агол кој е за 7,20 или 70 12' помал од првиот.

Откако го завршил астрономскиот дел од својата работа, требало да ја заврши и геодетската работа, која се состоела од мерење на растојанието- лакот помеѓу Александрија и Сиена. Оваа геодетска работа, Ератостен не ја извршил, односно не извршил мерење на односното растојание, туку, како директор на Александриската библиотека, тој податок го зел од добро водените катастарски книги во кои утврдил дека изнесува 5000 александриски стадии.

Значење и влијание уреди

Еден краток расказ на македонскиот писател Живко Гроздановски носи наслов „Ератостен“.[2]

Извори уреди

  • „Математичка Географија. Универзитетски учебник, Скопје, 2007

Наводи уреди

  1. Russo, Lucio (2004). The Forgotten Revolution. Berlin: Springer. стр. 273–277.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 319.