Епиметеј (митологија)

Епиметеј (Επιμηθέας, Epimetheus, „оној кој последователно размислува“) — лик од старогрчката митологија , еден од титаните на втората генерација. Тој бил син на Јапет и Климена, и брат на Прометеј, Менетеј и Атлант. Тој немал голема интелигенцијата. Зевс му ја дал за сопруга Пандора и тој ја прифатил, заборавајќи го предупредувањето на неговиот брат да не прифаќа подароци од Зевс. Нивната ќерка, Пира се омажила за синот на Прометеј, Девкалион, и те били единствените преживеани по потопот.

Пандора и Епиметеј

Кутијата на Пандора уреди

Кога Прометеј го украл огнот од рајот, Зевс, сакајќи да му се одмазди, му ја претставил Пандора на Епиметеј, братот на Прометеј. Со неа, Пандора носела ќуп што ѝ бил забранет да го отвори. Поттикната од својата природна љубопитност, Пандора ја отворила кутијата-ќуп и сите зла содржани во ќупот одлетале и се прошириле насекаде. Таа побрзала да го затвори капакот, но злата веќе успеале да побегнат од ќупот. Само едно нешто останало внатре - надежта. Пандора била длабоко натажена поради стореното и уплашена дека ќе мора да се соочи со гневниот Зевс поради неисполнувањето на должноста. Сепак, Зевс не ја казнил.

Надворешни врски уреди