Еолска харфа, жичен музички инструмент кој го добил името по грчкиот бог на ветровите Еол. Се состои од тесна, дрвена правоаголна резонантна кутија во која се наоѓаат низа еднакви цревни жици со различна дебелина. Бројот им е неодреден.

Еолска харфа во стариот Баденбаденски замок. Илустрација од 1888 г.
Еолска харфа

Инструментот се става на отворено место изложено на струење на воздухот, па жиците под налетите на ветрот треперат и бидејќи се со различна деблина и напнатост произведуваате низа различни звуци. Ваков инструмент познавале старите Кинези и Индуси, а кон крајот насредниот век сепојавил и во Европа. Кон крајот на XVII век направена е еолска харфа на новото време, која во XIX век станала популарна, па и опеана во лириката на Гете и Морике. Првата позната еолска харфа ја направил Атанасијус Кирхер.[1]

Литература уреди

  • Опћа енциклопедија ЈЛЗ -Загреб 1977.

Наводи уреди

  1. Енциклопедија Британика-Научна књига и Просвета 2005 3 књига стр. 46