Сушност

нешто што постои
(Пренасочено од Ентитет)

Сушност или ентитет — нешто што има јасно издвоено постоење. Најчесто претставува збир на својства и нивните придружни акции во еден полузатворен систем, кои вршат заедничка, поврзана функција или функции, и кои можат јасно да се одделат од нивната околина.

Сушноста е апстрактен поим. Вообичаено како сушности се спомнуваат живи или неживи материјални објекти, но тоа не го ограничува дијапазонот на концептот позади поимот. Сушности можат да бидат и нематеријални поими, како во случајот на правната фикција, на програмите во информатичката технологија и др.