Енергетското ниво е ниво на кое се наоѓаат одредени орбитали кои имаат еднаква вредност за главниот квантен број n. Секоја вредност на n е соодветна на определено енергетско ниво (слој): K, L, M, N, O, P и Q. Овие слоеви имаат одредени одлики:

  • K - има една орбитала (s) - можат да се сместат максимално 2 електрона
  • L и M - имаат една s и три p орбитали - може да се сместат максимално 8 електрона
  • N и O - имаат една s, три p и пет d - може да се сместат максимално 18 електрона
  • P и Q - имаат една s, три p, пет d и седум f орбитали - може да се сместат максимално 32 електрона.
Енергетско ниво за електрон во еден атом: основна состојба и возбудени сосотојби. После апсорбција на енергија, еден електрон може да „скокне“ од освновната состоја во повисоко енегетско ниво.

Атомите од благородните гасови имаат целосно пополнети енергетски нивоа, што значи дека нивната електронска конфигурација е стабилна. Атомите од другите елементи имаат нецелосно пополнети енергетски нивоа, поради што можат да градат соединенија.