Ендру Џексон (англиски: Andrew Jackson; 15 март 17678 јуни 1845) — американски правник, генерал и државник кој станал седми претседател на САД (1829 - 1837). Пред да биде избран за претседател, тој стекнал слава како генерал во Армијата на САД и бил член на двата дома во американскиот Конгрес. Се цени како застапник на обичните Американци и поради неговата заложба во зачувувањето на сојузот на државите, но Џексон бил често критикуван за неговата расна политика, особено за неговиот третман на Индијанците.

Ендру Џексон
Портрет ок. 1835
7-ми Претседател на Соединетите Американски Држави
На должноста
4 март 1829 – 4 март 1837
Претходник Џон Квинси Адамс
Наследник Мартин Ван Бјурен
Лични податоци
Роден(а) 15 март 1767
Починал(а) 8 јуни 1845
Нешвил, САД
Партија Демократ (1828–1845)
Други припадности
  • Демократско-републиканска партија (пред 1825)
  • Џексонова демократија (1825–1828)
Потпис Cursive signature in ink

Џексон е роден во колонијална Каролина пред Американска војна за независност. Станал адвокат и се оженил со Рејчел Донелсон Робардс. Кратко време бил член на Претставничкиот дом на САД и на Сенатот, како претставник од Тенеси. По неговата оставка, од 1798 до 1804 година бил судија при Врховниот суд во Тенеси. Џексон купил земјиште (подоцна познато како Ермитаж) и станал богат земјопоседник кој поседувал стотици афроамерикански робови. Во 1801 година, бил назначен за полковник на милицијата во Тенеси, а следната година бил избран за нејзин командир. Предводел војска за време на Кричката војна (1813-1814 година). Според условите од Договорот од Форт Џексон домородното население (народот Крик) требало да отстапи огромни територии од денешна Алабама и Џорџија. Истовремено се одвивала и војната против Британците, во која Џексон извојувал победа во битката кај Њу Орлеанс во 1815 година; оваа победа го направила национален херој. Подоцна бил командант на американската војска во Првата семинолска војна, по која била извршена анексија на Флорида од Шпанија. Џексон кратко време бил прв територијален гувернер на Флорида, а потоа се вратил во Сенатот. Во 1824 година се кандидирал за претседател на САД и освоил најмногу народни и електорални гласови, но ниту еден кандидат не освоил изборно мнозинство. На контингентните избори, Претставничкиот дом со поддршка на Хенри Клеј, за претседател го избрал Џон Квинси Адамс. Поддржувачите на Џексон тврделе дека имало „коруптивна зделка“ меѓу Адамс и Клеј и почнале да создаваат своја политичка организација од која подоцна ќе настане Демократската партија.

Во 1828 година, Џексон повторно се кандидирал за претседател и убедливо го победил Адамс. Во 1830 година, го потпишал Законот за отстранување на Индијанците. Овој акт, кој бил опишан како етничко чистење, предвидувал раселување на десетици илјади Индијанци од домовите на нивните предци источно од Мисисипи и како резултат на тоа имало илјадници смртни случаи. Џексон бил соочен со предизвик за целокупноста на сојузната унија откако Јужна Каролина се заканила дека ќе ја поништи високата заштитна тарифа поставена од федералната влада. Тој се заканил со употреба на воена сила за спроведување на тарифата, но кризата била решена откако тарифата била сменета. Во 1832 година, ставил вето на нацрт-законот на Конгресот за повторно овластување на Втората банка на Соединетите Држави, тврдејќи дека тоа е корумпирана институција. По долга борба, Банката била ликвидирана. Во 1835 година, Џексон станал единствен претседател кој го отплати националниот долг на САД . Тој го преживеал првиот обид за атентат врз актуелен претседател на САД. Во еден од неговите последни претседателски акти, ја признал Република Тексас.

По завршувањето на мандтот, Џексон и понатаму бил активен во политиката. Ги поддржувал претседателите Мартин Ван Бјурен и Џејмс Н. Полк, како и анексијата на Тексас, која била извршена непосредно пред неговата смрт.

Ендру Џексон
Споменик на Ендру Џексон

Поврзано уреди

Наводи уреди