Елче (шпански: Elche) или Ељч (валенсиски: Elx) — град во Шпанија во автоомната заедница Валенсија и во покраината Аликанте. Според пописот во 2009 година, во Елче живеат 230.112 жители, рангирајќи го градот како трет најнаселен град во Валенсија, веднаш по градовите Аликанте и Валенсија и 20-ти во Шпанија.

Елче
Панорама на градот
Панорама на градот
Панорама на градот
Официјално знаме на Елче
Знаме
Официјален грб на Елче
Грб
Место
Местоположба на Елче
Местоположба на Елче
Градот Елче во Шпанија
Координати

38°16′1″N, 0°41′54″W

Часовен појас CET (GMT +1)
CEЛT (GMT +2)
Општи податоци
Име
- изворно
Елче
Elche
Основан од Иберите
во 5 век п.н.е
Поштенски број 032хх
Повикувачки број 966 - 965
Официјална страница www.elche.es
Управа
Држава Шпанија
Автономна заедница Валенсија (автономна заедница) Валенсија
Покраина Аликанте
Градоначалник Мерцедес Алонсо
Географија
Површина 326.07 км²
Надморска височина 86 м
ГШ 38°16′1″N
Географска должина 0°41′54″W
Население
Население 230.112 (2009)
Густина 628.07 ж/км²

Дел од општината е крајбрежен, но главниот град е оддалечен околу 11 км. од Средоземното Море. Мала река наречена Виналопо тече низ градот, разделувајќи го на два дела.

Градот е познат по своите градини со палми, а најголемата Ел Палмерал, од 2000 година е под заштита од УНЕСКО

Елче е исто така дом на фудбалскиот клуб „Елче“.

Стопанство уреди

Економијата во Елче е заснована, во најголем дел, на индустријата за чевли, со повеќе од 1000 фабрики за чевли, како еден од најважните центри за чевли во Шпанија и во остатокот од Европа. Постојат и други економски активности во градот како земјоделството (урми, маслинки, житарици, калинки), индустријата за гуми, трговијата и туризмот.

Во градот се наоѓаат и конференциски центар, меѓународен аеродром наречен Аеродром Аликанте како и државниот универзитет Мигел Еернандез и приватниот универзитет Карденал Херера.

Збратимени градови уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди