Елефтерион (грчки: λιμήν Ἐλευθερίου) претставувало најголемото пристаниште во Цариград, денешен Истанбул, Турција. Пристаништето било познато како Теодосиево или Кесариево пристаниште.

Карта на Цариград

Пристаништето било изградено во 390 година во времето на Теодосиј I (379—395), и се наоѓало помеѓу деветтиот и единаесеттиот реон на градот во денешен Јеникапи, односно на јужниот дел од градот на Мраморно Море. Ова пристаниште претставувало главна точка во градот кога станувало збор за трговија и размена. Подоцна областа била трансформирена во земјоделска градина.

Во ноември 2005 година, работниците на Босфорскиот тунел пронашле остатоци од пристаништето.