Елен
Обичен елен (Cervus elaphus)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Подред: Преживари
Семејство: Елени
Потсемејства

Capreolinae
Cervinae

Распространетост на сите видови на елени

Елен (науч. Cervidae, односно Елени) — семејство тревопасни животни од редот на парнокопитните (Artiodactyla) со повеќе родови и видови. Кај обичниот елен, мажјакот, женката кошута[1], а младото еленче.

Изглед уреди

Еленот е силно и големо животно. Мажјаците се поголеми од женките, а на главите имаат големи, широко разгранети рогови. Роговите што по правило ги има само мажјакот, почнуваат да му растат 8-10 месеци по раѓањето и најпрво му се развива основата таканаречена рожиште. Првите рогови почнуваат да му растат дури од половината на втората календарска година и имаат облик на шило. Роговите на еленот редовно му паѓаат кон крајот на февруари или во почетокот на март, а до јули му се развиваат нови уште посилни рогови. Влакното на еленот е кусо, лете е со црвенкасто-кафеавкаста боја, а зиме станува сиво-кафеаво.

Елените живееат во листопадните шуми, во рамнини и во планински предели. Воглавно се ноќни животни, кои дење се одмараат во засолништа. Кошутите се собираат во крда кои ги предводи доминантната женка. Мажјаците се собираат во помали групи, освен во текот на есенската сезона на парење, кога се самостајни и се борат за женките.

Исхрана уреди

Еленот како преживар се храни со растителна храна. Поради тоа, тој најчесто пасе на шумски ливади и го брсти лисјето на дрвјата и на грмушките, поради што понекогаш може да причини штети врз одделни млади стебла и насади.

Размножување уреди

Еленот е полигамен вид и за време на парењето оплодува повеќе женки за чија наклоност се бори жестоко со своите соперници, при што често доаѓа и до повреди кај елените. Во месец септември и октомври елените со своето рикање го навестуваат периодот на парење. Оплодената женка го носи младенчето околу 240 дена, а раѓа најчесто едно младо кон крајот на март и април, односно мај.

Распространетост уреди

Централна и јужна Европа, Средна Азија, Северна Америка, Северозападна Африка

Во Македонија уреди

Во Македонија живеат три рода елени, со по еден вид: обичниот елен (Cervus elaphus), еленот лопатар (Dama dama) и срната (Capreolus capreolus).[2]

Од нив, автохтон важи обичниот елен (наречен и ридски елен), кој подоцна изумрел и природно се одржал само на планината Кожуф. По Втората светска војна повторно е повторно населен на повеќе места како резерватот „Јасен“, националните паркови „Маврово“ и „Пелистер“, како и во ловиштата „Кадина Река“ и „Пониква“..[3]

Елените како тема во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Еленот и срната“ (српски: Јелен и кошута) - српска народна песна.[4]
  • „Еленот и самовилата“ (српски: Јелен и вила) - српска народна песна.[5]
  • „Елен“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[6]
  • „Еленот и лозјето“ - басна на Езоп.[7]
  • „Елен самак“ — песна на Блаже Конески од 1974 година.[8]
  • „Елените умираат сами“ (српски: Jeleni umiru sami) - песна на српската и југословенска група Последња игра лептира (Poslednja igra leptira).[9]
  • „Еленски сватови“ (хрватски: Jelenski svati) - слика на хрватскиот уметник Иван Генералиќ од 1959 година.[10]
  • Лов на елени“ (хрватски: Lov na jelene) - хрватски долгометражен филм од 1972 година.[11]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „кошута“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Елени“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 527. Text "series " ignored (help)
  3. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Дивеч: Распространетост и бројна состојба на главните ловно-стопански видови (2006)“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 460. Text "series " ignored (help)
  4. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 33.
  5. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 49.
  6. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 16.
  7. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 69-70.
  8. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 61.
  9. YouTube, Poslednja igra leptira - Jeleni umiru sami (пристапено на 27.12.2016)
  10. Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
  11. „Hrvatski filmski arhiv: Popis hrvatskih dugometražnih filmova 1944. - 2006“. Архивирано од изворникот на 2011-01-05. Посетено на 2017-12-04.

Надворешни врски уреди