Елена (месечина)

месечина на Сатурн

Елена е месечина на Сатурн. Откриена е од Пјер Лак и Жан Лекашо во 1980 година со набљудување од Пик ду Миди Опсерваторијата,[1] и била означен како S/1980 S 6. [4] Во 1988 година го добила официјалното име по Елена Тројанска, која во грчката митологија била внука на Крон (Сатурн). [5] Елена во 1982 година исто така била означена и како Сатурн XII (12), и како Диона Б,[6] затоа што е коорбитална со Диона и се наоѓа во нејзината предна Лагранжова точка (L4). Таа е една од четирите познати тројански месечини.

Елена
Поглед на водечката полутопка на Елена, кој ги прикажува каналите на Елена и очигледните текови (реголит од прашина) (Касини, Јуни 2011)
Откривање [1]
ОткривачПјер Лак
Жан Лекашо
Откриено воПик ду Миди Опсерваторија
Откриено1 март 1980
Ознаки
Наречена по
Елена Тројанска
  • Диона Б
  • S/1980 S 6
Орбитални особености
377.396 km
Занесеност0,0022
2,736915 d
Наклон0.199° (кон сатурновиот екватор)
Месечина наСатурн
Физички особености
Димензии43.4 × 38.2 × 26 km [2]
Среден полупречник
17,6 ± 0,4 km[2]
Албедо1,67 ± 0,20 (геометриско) [3]
Анимација на орбитата на Елена во однос на Сатурн и Диона
  Полидевк ·   Елена ·   Диона ·   Сатурн

Елена била забележана од Земјата во 1980 година, [4] а надлетувањата на Војаџер на Сатурн во раните 1980-ти овозможило запознавање со месечината одблизу. Мисијата Касини-Хајгенс, која отишла во орбитата околу Сатурн во 2004 година, обезбедила уште подобро запознавање и овозможила подлабока анализа на Елена, како и поглед на површината под различни услови на осветлување. Најблиските слики на Елена до денес се направени од вселенското летало Касини кое прелетало на 1800  км од нејзината површина на 3 март 2010 година, а во јуни 2011 година направена била уште една успешна сесија на снимање. Во текот на мисијата Касини имало уште многу други пристапувања.

Геологија уреди

Сликите на Елена направени од вселенското летало Касини, со резолуција до 42 метри по пиксел, покажуваат пејзаж кој се одликува со широки вдлабнатини од 2 до 10 километри со внатрешна стрмнина не поголема од 12°. Овие басени се веројатно распаднати остатоци од стари ударни кратери.[7]

Тенки, издолжени и издигнати канали со должина од неколку километри се наоѓаат по стрмнините на многу од басените на Елена и веројатно се направени од огромни текови, што покажува дека Месечината е под влијание на активни геолошки процеси како губење на маса и ерозија. Дигиталните модели за одредување на височина наведуваат дека каналите имаат испакнат релјеф помеѓу 50 и 100 метри.

Симулациските модели покажуваат дека површинска активност на Елена е хаотична и се појавува во нерегуларни периоди.

Површински материјал уреди

Површинскиот материјал на Елена е со релативно висока рефлексија, што укажува дека зрната се со големина од 1 до 100 микрометри. Малите кратери изгледаат како да се малку затрупани, што укажува на неодамнешни процеси од некој вид на насобирање.

Лабораториското тестирање за силината на ударот на примероците од месечевиот реголит, создадени со удар, покажуваат дека при мала густина тие се однесуваат како нењутнови „Бингам“ материјали, т.е. имаат пластични својства на восок и ледници. Ова наведува дека површинскиот материјал на Елена кој сличи на снег може да се однесува како не-Њутнови масивен тек и кој што воглавно е причината за видливите проточни модели што се гледаат на нејзината површина со мала гравитација.[7]

Избрани слики уреди

Претежно необработени слики во црно-бела техника со близу инфрацрвени или ултравиолетови канали.

 
Касини - слика на Елена (3 март 2010 година)
 
Карактеристичните проточни текови на предната полутопка на Елена (Касини, јануари 2011 година)
 
Страната на Елена свртена кон Сатурн, осветлена со сјај од Сатурн (Касини, март 2010 година)
 
Елена одблизу со Сатурн во позадина (Касини, март 2010 година)
 
Касини слика од 3 март 2010 година
 
Слика направена од Касини на ноември 2008 година
 
Слика од Касини направена во јули 2007 година
 
Слика од Војаџер 2 (август 1981 г.)

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Lecacheux1980.
  2. 2,0 2,1 Thomas 2010.
  3. Verbiscer French et al. 2007.
  4. 4,0 4,1 IAUC 3496.
  5. IAUC 4609.
  6. Transactions of the International Astronomical Union, Vol.
  7. 7,0 7,1 O. M. Umurhan, A. D. Howard, J. M. Moore, P. Schenk and O. L. White (2015).

Надворешни врски уреди