Електра

група од грчки митолошки ликови

Електра (грч. Ήλέκτρα) (лат. Electra) во старогрчката митологија може да биде:

Електра и Орест
Лувр, Париз

Електра како ќерка на Агамемнон уреди

Електра била ќерка на Агамемнон и Клитемнестра, сестра на Орест и Ифигенија. Кога нејзиниот татко, кралот Агамемнон, се вратил од Тројанската војна, Електра не била во Микена, така што Клитемнестра и нејзиниот љубовник Егист го убиле Агамемнон. Истовремено, Егист и Клитемнестра ја убиле и Касандра, тројанската пророчка, која Агамемнон ја довел со себе од Троја како војнички плен. Осум години подоцна, од Атина, Орест ја донел Електра во Микена и на татковиот гроб се договориле за освета. Потоа, Орест, со помош на пријателот Пилад, ги убил Клитемнестра и Егист. Орест по некое време го изгубил разумот, бидејќи почнале да го прогонуваат Фуриите кои биле задолжени за крвната освета. Орест заминал во храмот во Делфи, и иако Аполон му наредил да се освети за татка си, богот бил беспомошен да ги спречи последиците од целата случка. Поради тоа се одржало судење на боговите кое се одржало на Акропол. Притоа, одлучувачки бил гласот на божицата Атина и така стивнал бесот на боговите. Фуриите никогаш не ја прогонувале Електра.

Еврипид во своето дело „Ифигенија на Таврида“ раскажува сосема поинаква приказна: Фуриите го одонеле Орест во Таврида на Црно Море, каде била затворена негова сестра Ифигенија, која подготвувала жртви за Артемида. Кога фуриите ги донеле Орест и Пилад да бидат жртвувани, Ифигенија и Орест се препознале, па заедно избегале. Пилад им помогнал на Орест и Електра да ја убијат својата мајка и неговиот љубовник, а потоа тој се заљубил во Електра и се оженил со неа.

Електра како ќерка на Океан уреди

Електра, ќерката на титанот Океан и неговата жена Тетида, се омажила со богот на морето Тавмант, со кој имала четири ќерки: Ирида и три Харпии.

Електра како ќерка на Атлас уреди

Електра била ќерка на титанот Атлас и океанидата Плеона. Се омажила со Зевс, со кого имала два сина, Дардан[1] и Ил, основачот на Троја, и ќерката Хармонија.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 25.