Економски региони на Русија


Русија е поделена на дванаесет економски региони (руски: экономи́ческие райо́ны)—групи на федерални субјекти кои ги споделуваат следните одлики:

  • Заеднички економски и социјални цели, како и учество во програми за развој;
  • Релативно слични економски услови и потенцијал;
  • Слични климатски, еколошки, и геолошки услови;
  • Слични методи на техничка инспекција на нови градби;
  • Слични методи за спроведување на царински надзор;
  • Слични услови за живеење на населението.

Еден федерален субјект не може да припаѓа на повеќе од еден економски регион.

Економските региони исто така се групирани во економски зони (наречени „макрозони“). Економски регион или негови делови можат да припаѓаат на повеќе од една економска зона.

Основањето и укинувањето на економските региони и економските зони или какви било промени во нивниот состав се во ингеренција на федералната влада на Русија.

Оваа поделба на економски региони е различна од поделбата на федералните окрузи—првата е направена само за економски и статистички цели, додека втората постои само како алатка за да се почитуваат федералните закони на територијата на земјата.

Список и состав на економските региони уреди

Следното е список и состав[1] на економски региони, подредени по население.

  • Централен (Центральный)
  1. Брјанска област
  2. Ивановска област
  3. Калушка област
  4. Костромска област
  5. Федерален град Москва
  6. Московска област
  7. Орловска област
  8. Рјазањска област
  9. Смоленска област
  10. Тулска област
  11. Тверска област
  12. Владимирска област
  13. Јарославска област
  • Уралски (Уральский)
  1. Република Башкортостан
  2. Чељабинска област
  3. Курганска област
  4. Оренбуршка област
  5. Пермски крај
  6. Свердловска област
  7. Република Удмуртија
  • Северно-Кавказиски (Северо-Кавказский)
  1. Република Адигеја
  2. Република Чеченија
  3. Република Крим
  4. Република Дагестан
  5. Република Ингушетија
  6. Република Кабардино-Балкарија
  7. Република Карачаево-Черкесија
  8. Краснодарски крај
  9. Република Северна Осетија-Аланија
  10. Ростовска област
  11. Севастопол
  12. Ставрополски крај
  • Волга (Поволжский) традиционалното име на регионот значи „регионот на реката Волга
  1. Астрахањска област
  2. Република Калмикија
  3. Пензенска област
  4. Самарска област
  5. Саратовска област
  6. Република Татарстан
  7. Уљјановска област
  8. Волгоградска област
  • Западно-Сибирски (Западно-Сибирский)
  1. Алтајски крај
  2. Република Алтај
  3. Кемеровска област
  4. Ханти-мансиски автономен округ
  5. Новосибирска област
  6. Омска област
  7. Томска област
  8. Тјумењска област
  9. Јамало-ненецки автономен округ
  • Источно-Сибирски (Восточно-Сибирский)
  1. Република Бурјатија
  2. Иркутска област
  3. Република Хакасија
  4. Краснојарски крај
  5. Република Тува
  6. Забајкалски крај
  • Волго-Вјатски (Волго-Вятский)
  1. Република Чувашија
  2. Кировска област
  3. Република Мариј Ел
  4. Република Мордовија
  5. Нижегородска област
  • Северозападен (Северо-Западный)
  1. Ленинградска област
  2. Новгородска област
  3. Псковска област
  4. Федерален град Санкт Петербург
  • Централно-Черноземски (Центрально-Чернозёмный)
  1. Белгородска област
  2. Курска област
  3. Липецка област
  4. Тамбовска област
  5. Воронешка област
  • Далечноисточен (Дальневосточный)
  1. Амурска област
  2. Чукотски автономен округ
  3. Еврејска автономна област
  4. Камчатски Карј
  5. Хабаровски крај
  6. Магаданска област
  7. Приморски крај
  8. Јакутија
  9. Сахалинска област
  • Северен (Северный)
  1. Архангелска област
  2. Република Карелија
  3. Република Коми
  4. Мурманска област
  5. Ненецки автономен округ
  6. Вологодска област
  • Калининградски (Калининградский)
  1. Калининградска Oбласт

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Руска класификација на економски региони (ОК 024-95) како што е изменет со #5-2001