Екипен пласман на Тур де Франс


Екипен пласман на Тур де Франс — награда доделувана на велосипедската екипа Тур де Франс за најдобра екипа на трката. Започнала да се доделува од 1930 година, а начинот на пресметка бил менуван низ годините. Не постои маичка за овој пласман, но броевите на маичките на членовите на екипата со најдобар генерален пласман на крајот на претходната етапа биле со жолта позадина, наместо вообичаената бела.

Екипен пласман
Маичка со жолти броеви, која им се доделува на членовите од најдобрата екипа
Детали за наградата
СпортДрумски велосипедизам
НатпреварувањеТур де Франс
Доделена занајдобра екипа
Локално имеClassement d'équipes (француски)
Историја
Прва награда1930
Изданија82 (до 2018)
Прв победник Франција
Најнов победникМовистар Тим

Пресметка уреди

До 2011 година, екипниот пласман бил пресметуван со додавање на времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа по завршена етапа; временските бонуси и казните не се пресметувале. Во екипниот хронометар, екипата го добива времето на петтиот возач од екипата кој ја поминува целта или последниот возач, ако се помалку од пет возачи. Ако екипата има помалку од тројца останати велосипедисти, екипата се повлекува од пласманот.

Статус уреди

Екипниот пласман се смета за помалку важен во споредба со (поединечниот) генералниот пласман и ретко некоја екипа има за цел да победи во екипниот пласман. Ако во текот на трката, екипата се најде во добра положба да го освои екипниот пласман, екипата можеби ќе ја смени тактиката со цел да победи.[1]

Кога Ленс Армстронг ги изгубил надежите за победа на Тур де Франс 2010, им наредил на неговите колеги да ги држат нивните главни соперници во екипниот пласман и неговата екипа, Тим РадиоШек, го освоил екипниот пласман.[1]

Добриот резултат во екипниот плас2ман може да ѝ помогне на екипата да се квалификува за наредниот Тур де Франс. Во 2010 година, системот бил поставен да одреди кои екипи ќе бидат UCI World Tour екипи, а екипниот пласман на Тур де Франс бил дел од системот.[1]

Историја уреди

Во текот на првите години на Тур де Франс, велосипедистите возеле како поединци. Иако имале спонзори, не им биле дозволени да бидат дел од екипа, бидејќи организаторот на трката Анри Дегранж сакал да се види силата на поединците. Во тие години, велосипедистите исто така можеле да учестуваат без спонзори. Тие биле категоризирани под различни имиња:[2]

  • 1909-1914: Изолес
  • 1919: Категорија Б
  • 1920-1922: 2. класа
  • 1923-1926: Туристес-Рутиерс
  • 1937: Поединци

Во 1930 година, Анри Дегранж се откажал од идејата дека велосипедистот треба да се трка поединечно и го променил системот во борба на екипи. Сè уште бил против учество на спонзори, па така велосипедисти биле групирани во земји. Оваа состојба на Тур постоела во периодите 1930–1961 и 1967–1968. Помеѓу 1962 и 1966 година и по 1969 година, можеле да учествуваат и спонзорирани екипи.

При влезот на екипите во 1930 година била воведена и награда за победничката екипа.[3] Во 1930 година, пласманот бил пресметуван со додавање на времињата на тројцата најдобри возачи во генералниот пласман.

Во 1961 година, системот бил променет. Екипниот пласман бил променет во бодовен систем, каде екипата добивала еден бод за најдобро екипно време на етапата, а екипата со најмногу бодови била победник. Овој систем исто така бил користен во 1962 година, но во 1963 година пресметката била вратена на времињата. Во 1970-тите, овој систем бил повторно воведен како екипен бодовен пласман, иако во различен облик: по секоја етапа, сите велосипедисти добивале бодови (1 за победникот, 2 за вториот, итн.) и овие биле додавани, а екипата со најмалку бодови била победник на екипниот бодовен пласман.[4]

До 1990 година, предводниците на екипниот пласман можеле да се препознаат по жолтите капи. Од 2006 година, најдобрата екипа носи црни броеви на жолта позадина на нивните дресови.[1] Почнувајќи од 2012 година, најдобрата екипа добила право, но не и обврска, да носи и жолти кациги.[5][6]

Победници во екипниот пласман уреди

Победници во екипниот пласман[7]
Година Екипа
1930   Франција
1931   Белгија
1932   Италија
1933   Франција
1934   Франција
1935   Белгија
1936   Белгија
1937   Франција
1938   Белгија
1939   Белгија Б[8]
1947   Италија
1948   Белгија A[8]
1949   Италија A[8]
1950   Белгија A[8]
1951   Франција
1952   Италија
1953   Холандија
1954   Швајцарија
1955   Франција
1956   Белгија
1957   Франција
1958   Белгија
1959   Белгија
1960   Франција
1961   Франција
1962 Сен Рафаел
1963 Сен Рафаел
1964 Пелфорт
1965 Кас
1966 Кас
1967   Франција
1968   Шпанија
1969 Фаема
1970 Салварани
1971 Бик
1972 Жан-Мерсие
1973 Бик
1974 Кас
Година Екипа
1975 Жан-Мерсие
1976 Кас
1977 ТИ-Рали
1978 Мико-Мерсие
1979 Рено
1980 Мико-Мерсие
1981 Пежо
1982 Коп-Мерсие
1983 ТИ-Рали
1984 Рено
1985 Ла Вие Клер
1986 Ла Вие Клер
1987 Систем У
1988 ПДМ
1989 ПДМ
1990 З-Пежо
1991 Банесто
1992 Карера Џинс-Вагабонд
1993 Карера Џинс-Тасони
1994 Фестина
1995 ONCE
1996 Фестина
1997 Тим Телеком
1998 Кофидис
1999 Банесто
2000 Келме
2001 Келме
2002 ОНСЕ
2003 Тим ЦСЦ
2004 Т-Мобајл Тим
2005 Т-Мобајл Тим
2006 Т-Мобајл Тим
2007 Дискавери Канал
2008 Тим ЦСЦ Саксо Банк
2009 Астана
2010 Тим РадиоШек
2011 Гармин-Сервело
2012 РадиоШек-Нисан
2013 Тим Саксо-Тинкоф
2014 Аг2р-Ла Мондијал
2015 Мовистар Тим
2016 Мовистар Тим
2017 Тим Скај
2018 Мовистар Тим

Победници во екипниот бодовен пласман уреди

Помеѓу 1973 и 1989, постоел дополнителен екипен бодовен пласман.

Победници во екипниот бодовен пласман[9]
Година Екипа
1973 Жан-Мерсје
1974 Жан-Мерсје
1976 Жан-Мерсје
1977 Пежо
1978 Рали
1979 Рено
1980 Рали
1981 Пежо
1982 Рали
1983 Рали
1984 Панасоник-Рали
1985 Ла Вие Клер
1986 Панасоник
1987 Систем У
1988 ПДМ

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Пет добри причини да го следите екипниот пласман“. Letour.fr. Amaury Sport Organisation. 28 јуни 2011. Посетено на 29 јуни 2011.
  2. Tour Xtra General info
  3. Официјална историја на Тур де Франс (француски)
  4. [1]
  5. http://www.letour.fr/le-tour/2012/us/stage-1/news/int/team-standings-sky-s-yellow-helmet.html
  6. Декалуве, Брехт (1 јули 2012). „РадиоШек-Нисан планира да го одбрани жолтото со етапна победа“. cyclingnews.com.
  7. Le tour en chiffres
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Некои години, земјите учествувале со повеќе екипи. Во 1939 година, Белгија имала две екипи и го освоила екипниот пласман со екипата Б. Во 1948 и 1950, Белгија го освоила со екипата А. Во 1949 година, Италија имала две екипи и го освоила екипниот пласман со екипата А.
  9. Tour Xtra: Other classifications