Едоардо Албинати (италијански: Edoardo Albinati), (11 октомври 1956, Рим) италијански романописец[1].

Едоардо Албинати
Edoardo Albinati
Роден(а)11 октомври1956
Рим, Италија
Занимањекнижевност

Живот и кариера уреди

Роден е во Рим, 1956 година. Албинати ја започнал својата кариера како преведувач, уредник на сценарија уредник на списанието „ Нови Аргоменти“.

Своето деби како писател го направил во 1988 година, со збирката раскази „Арабески од моралниот животот“ .

Неговиот роман „Полскиот мијач на стакло“ во 1989 година беше адаптиран во филм „Баладата за мијачите на ветробраните “ од Питер Дел Монте.

Од средината на 90-тите години, тој работи во затворо како учител.

Во 2002 и во 2004 година учествувал во две мисии на Високата комисија на ООН за бегалци во Авганистан и Чад, исто така пишувајќи неколку извештаи објавени од страна на весниците „Кориера де ла Сера“ и „Ла Република“.

Во 2004 година Албинати ја освои наградата Вијареџо за романот „Свенименти“.

Во 2006 година заедно со глумецот Филипо Тими го напиша романот „Приказна за приказните“, кој подоцна Тими го адаптираше во театаеска претстава.

Во 2015 година соработуваше со Матео Гароне на сценариото за филмот „Приказна за приказните“.

Во 2016 година ја освои наградата Стрега со полуавтобиографскиот роман „Католичката школа“[2].

Селектирани дела уреди

Романи уреди

  • Полскиот мијач на стакло [3].
  • Свенименти
  • Католичкото училиште
  • Фанатички срца

Раскази уреди

  • Арабески текстови за моралниот живот
  • 19 '
  • Гласови во мракот '
  • Војна на тагата!

Поезија уреди

  • Елеги и поговорки
  • Причестување на стоките
  • Италијанска синтакса

Филмски сценарија уреди

  • Едно за мене, едено за вас и едено на Рафаеле ”
  • Приказната за приказните ”
  • Направи убави соништа”

Наводи уреди

Надворешни врски уреди