Едноотворни

цицачи што несат јајца
Едноотворни
Период: рана креда - денес
Разни едноотворни животни
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Едноотворни
C.L. Bonaparte, 1837
Семејства

† Kollikodontidae (изумрени)
Ornithorhynchidae
Tachyglossidae
† Steropodontidae (изумрени)

Едноотворни (науч. Monotremata) — цицачи чии млади се раѓаат од јајце со мека лушпа. Тие се изведуваат по неколку денови и цицаат сè додека во целост не се развијат.

Општи одлики уреди

Како и другите цицачи, едноотворните имаат брз метаболизам, телото им е прекриено со влакна и младите ги хранат со млеко.

Едноотворните одржуваат постојана температура на телото без оглед на околината во која се наоѓаат, иако до неодамна се сметаше дека не е така.

Физиологија уреди

Клучна физиолошка разлика меѓу едноотворните и другите цицачи е што тие (Monotreme значи еден отвор - на грчки) имаат клоака (еден отвор за репродукција, уринирање и дефекација), како што е случај кај влекачите. Другите цицачи имаат посебни отвори: вагина, уретра и анус.

Монотремите носат јајца кои женката ги снабдува со хранливи состојки.

Распространетост уреди

Единствените живи едноотворни живеат во Австралија, Нова Гвинеја и Тасманија[1], иако постојат фосилни докази дека некогаш биле многу пораспространети.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди