Едмунд Тјудор (Прв Ерл од Ричмонд)

Овен Тјудор (11 јуни 1431 - 1 ноември 1456) бил англиски војник, најмногу познат по тоа што бил татко на англискиот крал Хенри VII.

Едмунд Тјудор
Ерл од Ричмонд
СопружникМаргарита Бофорт
ДецаХенри VII
ТаткоОвен Тјудор
МајкаКатерина Валоа

Бил роден како втор син на Овен Тјудор и Катерина Валоа, вдовица на англискиот крал Хенри V. Денеска не е познато дали тој е роден пред или по склопувањето на брак на неговите родители. Неговиот полубрат Хенри VI му ја дал титулата Ерл од Ричмонд во ноември 1452 година.

На 1 ноември 1455 година се оженил за лејди Маргарита Бофорт. Во текот на Војната на розите, тој бил заробен од страна на поддржувачите на династија Јорк и затворен во јужен Велс, каде на 1 ноември 1456 година починал. Неговото дете, идниот Хенри VII се родил по два месеци од неговата смрт.