Единство — македонски месечен весник, орган на Окружниот одбор на НОФ за Костурско, на македонски и на грчки јазик.[1]

Единство 3 Јуни, 1947

Го издавал Главниот оддел за агитација и пропаганда на НОФ за Егејска Македонија. Главен уредник бил Мичо Губиденов. Бил умножуван на шапилограф. Весникот се издавал еднаш месечно, во Костурско од 1947 до 1949 година.[2][3]

Под ист наслов бил печатен и органот на секцијата на НОФ во Булкес, Војводина. Од мај, 1949 година во рамките на весникот, двапати месечно на две страници излегувал билтен под наслов „Вести“, а информирал за настаните во Грција и за дејноста на ДАГ.[3]

Наводи уреди

  1. Д-р Ристо Кирјазовски, Македонскиот печат во Егејскиот дел на Македонија во текот на Граѓанската војна (1945-1949), „Историја“, VIII, 2, Скопје, 1972, 93-119
  2. Д-р Боро Мокров - М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 146
  3. 3,0 3,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 174–175. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)