Едвард Лир бил англиски уметник, илустратор и поет, познат по литературниот нон-сенс во поезијата и прозата. Ги поминува годините од младоста како цртач во Зоолошкото Друштво, а потоа како уметник на Британскиот Музеј. Во 1832 е вработен од благородникот Ерл од Дерби, за изработка на цртежи во боја на ретки птици и животни во неговата фарма на Ноусли Хол. Благородникот му овозможива на Едвард Лир да патува. Лир почнува да патува и да објавува патописни книги од своите патувања во Италија (1846), Албанија и Илирија (1851), Калабрија (1852) и Корзика (1870). Ја посетува исто така Светата Земја и Грција. Едвард Лир ја посетува Македонија во есента 1848 г, од 11-ти до 25 септември.

Едвард Лир
Едвард Лир во 1866
Роден/а12 мај 1812(1812-05-12)
Холовеј, Мидлесекс, Англија
Починат/а29 јануари 1888(1888-01-29) (возр. 75)
Санремо, Лигурија, Италија
Масада на Мртво Море, Едвард Лир, 1858