Егејските Острови (грчки: Νησιά Αιγαίου, турски: Ege Adaları) се група на острови во Егејското Море, коишто граничат со копнена Грција на запад и Турција на исток. Древното имe на Егејското Море, Архипелаг, било подоцна употребено за островите кои ги содржи, и сега се користи, општо, со цел да се однесува на било која островска група.

Карта на островите на Егејското Море и островските групи.

Егејските острови се поделени на неколку групи (од север кон југ):

Скоро сите од Егејските Острови моментално припаѓаат на Грција и се поделени помеѓу деветте периферии. Сепак, поседот на морето и некои од островите е извор на моменталниот спор помеѓу Грција и Турција. Поимот Италијански Егејски Острови (италијански: Isole Italiane dell’ Egeo) се користи понекогаш со цел да се однесува на егејските острови освоени од Италија за време на Итало-турската војна во 1912 и анексирани со Договорот од Лозана од 1923 до 1947: Додеканезите, вклучувајќи ги Родос и Кастелоризо.

Поврзано уреди