Евсевиј Никомедиски

Евсевиј Никомедиски (грчки: Ευσέβιος ο Νικομηδείας) бил христијански епископ, Цариградски патријарх.

Евсевиј Никомедиски
Роден(а) непознато,
Починал(а) 342
Почитуван(а) во Аријанство
Слава

За неговото детство, денеска се знае многу малку, но со сигурност се знае дека припаѓал на аристократско семејство. Евсевиј бил епископ на Берит или Бејрут, како и на Никомедија. Во текот на 338 година бил избран за епископ односно Цариградски патријарх. Тој учествувал на Првиот вселенски собор во 325 година во Никеја, каде ги зазел позициите на аријанството.

Самиот цар Константин Велики бил крстен токму од Евсевиј во 337 година. Но и покрај овој факт, тој заедно со Евсевиј Кесариски бил на станата на Ариј. По крајот на никејскиот собор, тој бил испратен во заточение во Галија. Во исто време, тој бил еден од иницијаторите за заточение на Свети Атанасиј Александриски.

Починал во 342 година[1].

Наводи уреди

  1. Drake, "Constantine and the Bishops", pp.393.