Европска епархија

Европска епархијаепархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, која ја покрива територијата на Европа.

Историја уреди

 
Македонската православна црква „Св. Наум Охридски“ во Малме, Шведска

Европската епархија на МПЦ-ОА е формирана на 4 декември 1994 година и за прв надлежен архијереј е поставен митрополитот Горазд. Од 2006 година како надлежен архијереј за оваа епархија е поставен владиката Пимен. Епархијата има вкупно 35 црковни општини, од кои 13 се во Германија. Во рамките на епархијата се изградени три нови цркви, од кои две се осветени (во Тринген, Швајцарија и во Малме, Шведска), како и еден параклис во Берлин. Исто така, во рамки на епархијата се наоѓаат и црквите „Св. Никола“ во Мајнц и „Св. Богородица“ во Зиндфелинген, Германија.[1] На 26 октомври 2014 година, во Загреб, биле удрени темелите на црквата „Св. Злата Мегленска“ како прва македонска црква во Хрватска.[2] Истата е осветена на 21 мај 2023 г. од архиепископот г.г. Стефан во сослужение со српскиот патријарх Порфириј.[3]

Архерејски намесништва уреди

Епархијата е поделена на четири архијерејски намесништва, и тоа:

Наводи уреди

  1. „Европската епархија на МПЦ-ОА стаса до 35 црковни општини“, Дневник, година XVIII, број 5591, вторник, 14 октомври 2014, стр. 5.
  2. „Ставени темелите на македонската црква во Загреб“, Дневник, година XVIII, број 5601, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 4.
  3. „Oсветување на новоизградената црква на МПЦ-ОА св.Злата Мегленска во Загреб,Р.Хрватска“. Премин Портал. Посетено на 25 мај 2023.

Надворешни врски уреди