Евдокија Борисовна Паско (руски: Евдокия Борисовна Пасько; р. 30 декември 191927 јануари 2017) беше навигатор во советската женска 46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, 325. Ноќна бомбашка воздухопловна дивизија, 4. Воздухопловна армија на Вториот белоруски фронт за време на Втората светска војна. За нејзиниот успех во војната е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 26 октомври 1944 година.[1]

Евдокија Борисовна Паско
Изворно имеЕвдокия Борисовна Пасько
Роден30 декември 1919
Жети-Огуски округ, Исиккулска област, Туркестанска АССР (денешен Киргистан)
Починал27 јануари 2017 (97 години)
Москва, Русија
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
Служба1941–1945
ЧинПостар поручник
Единица46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз

Ран живот уреди

Паско е родена на 30 декември 1919 во украинско семејство во селото Липенко, Жети-Огуски округ во Исиккулскаta област, што се наоѓа во денешен Киргистан, во тогашната Туркестанска Автономна Советска Социјалистичка Република. Таа е студент на Математичкиот факултет на Московскиот Државен Универзитет кога руските власти објавуваат повик за жени волонтери да се обучуваат за авијатичари, па Евдокија се приклучува кон армијата заедно со неколку од нејзините колешки студенти, вклучувајќи ги Екатерина Рјабова и Евгенија Руднева, кои исто така стануваат херои на Советскиот Сојуз.[2][3]

Воена кариера уреди

Паско станува навигатор во 49. Воздухопловен полк, а подоцна им се придружува на женската 46. Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, познат како Ноќни вештерки, каде што служи како навигатор за командантот на ескадрила Марија Смирнова.[3]

За време на војната лета на бомбашки мисии против силите на Оската во Белорусија, Берлин, Крим и Кавказ, Керчкиот Полуостров, Кубан и Полска, често во екстремни временски услови и под силен противвоздухопловен оган. Вкупно, лета на околу 800 мисии. На 26 октомври 1944, Паско е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз заедно со нејзината колешка Смирнова. Воените подвизи на Евдокија се опишани во статија во весникот Правда. Се пензионира од Советската Армија со чин на поручник на крајот на Втората светска војна.[4][5]

Цивилен живот уреди

По завршувањето на војната, Паско се враќа на нејзините студии и докторира по математика. Се мажи со нејзиниот колега Борис Маљшев. Предава преку четириесет години на Бауманскиот Московски државен технички универзитет.[5]

Евдокија умира на 27 јануари 2017 година во Москва и е закопана на гробиштата Тројекуровскоје.[6]

Награди и почести уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Janina., Cottam, Kazimiera (1998). Women in war and resistance : selected biographies of Soviet women soldiers. Newburyport, MA: Focus Publishing/R. Pullins Co. ISBN 1585101605. OCLC 228063546.
  2. Pennington, Reina (2007-10-15). Wings, Women, and War: Soviet Airwomen in World War II Combat (англиски). University Press of Kansas. ISBN 9780700615544.
  3. 3,0 3,1 „Пасько Евдокия Борисовна“. airaces.narod.ru. Посетено на 2018-02-06.
  4. Sakaida, Henry (2012-04-20). Heroines of the Soviet Union 1941–45 (англиски). Bloomsbury Publishing. ISBN 9781780966922.
  5. 5,0 5,1 „Пасько Евдокия Борисовна“. www.warheroes.ru. Посетено на 2018-02-06.
  6. "ОФИЦЕРЫ РОССИИ" простились с фронтовиком, Героем Советского Союза Евдокией Борисовной Пасько“. ОФИЦЕРЫ РОССИИ (руски). Посетено на 2017-04-17.