Евдокија Никулина

Евдокија Андреевна Никулина (руски: Евдокия Андреевна Никулина; 8 ноември 1917 – 23 март 1993) беше командант на ескадрила на 46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, 325. Ноќна бомбашка воздухопловна дивизија, 4. Воздухопловна армија на Вториот белоруски фронт за време на Втората светска војна. За успешно извршување на 600 бомбашки мисии, прогласена е за Херој на Советкиот Сојуз на 26 октомври 1944 година.

Евдокија Андреевна Никулина
Изворно имеЕвдокия Андреевна Никулина
Роден8 ноември 1917
Парфјоново, Спас-Деменски округ, област Калуга, Руска СФСР
Починал23 март 1993 (76 години)
Ростов на Дон, Руска Федерација
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
Служба1941–1945
ЧинГардиски Мајор
Единица46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк
Битки/војниГолема Патриотска војна
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз

Цивилен живот уреди

Никулина е родена во селото Парфјоново во селско руско семејство на 8 ноември 1917 година. Во 1933 работи во Подолск, пред да се запише на училиште за летање.[1] По завршување на техничкото училиште и академијата за летање во Балашов, работи како пилот на цивилно воздухопловство во Смоленск пред Втората светска војна. Станува член на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз во 1942 година.[2]

Воена кариера уреди

По приклучувањето кон Црвената Армија во 1941 година и завршувањето на обуката, распоредена е на Источниот фронт на војната како командант на ескадрила. Во нејзините должности го брани Јужниот, Транскавкаскиот, Севернокавкаскиот и 2. белоруски фронт.[1]

Вкупно извршува 774 мисии со 3650 часа летање, од кои 1500 се за време на ноќ и 920 во борба.[1] Се закитува со титулата Херој на Советскиот Сојуз на 26 октомври 1944 година за "примерно исполнување на командите во борбените мисии и демонстрација на храброст и херојство во битките против германските фашистички окупатори".[2]

Подоцнежен живот уреди

Ја напушта активната служба по војната и се придружува кон резервите пред да се пензионира. Во 1948 го завршува Училиштето на Комунистичката Партија во Ростов на Дон, а во 1954 завршува на Педагошкиот институт во Ростов на Дон. До пензионирањето, работи во локалниот партиски комитет. Остатокот од својот живот го поминува во Ростов-на-Дон.[3]

Никулина и нејзината четиригодишна внука беа нападнати од развојници во нејзиниот дом на 2 јули 1992. Се опоравува од нападот, но умира набрзо потоа на 23 март 1993. Постоеја лажни известувања дека е убиена во нејзиниот дом.[4]

Во 2015 година добива ѕвезда на „Алеата на хероите“ во Ростов на Дон.[4]

Награди уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Никулина Евдокия Андреевна“. airaces.narod.ru. Посетено на 2018-01-15.
  2. 2,0 2,1 „Никулина Евдокия Андреевна“. www.warheroes.ru. Посетено на 2018-01-15.
  3. Rakobolskaya, Irina; Kravtsova, Natalya (2005). Нас называли ночными ведьмами : так воевал женский 46-й гвардейский полк ночных бомбардировщиков. Moscow: University of Moscow Press. p. 149. ISBN 5211050088. OCLC 68044852.
  4. 4,0 4,1 „В Ростове открыли «звезду» в память Дины Никулиной“ (руски). Посетено на 2018-02-06.
  5. 5,0 5,1 „Герой Советского Союза (Орден Ленина и медаль «Золотая звезда»)“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
  6. „Подвиг народа“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
  7. „Орден Александра Невского“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
  8. „Орден Отечественной войны II степени“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
  9. „Орден Отечественной войны I степениa“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.