Дуинген (германски: Duingen; Даујен на месниот остфалски дијалект) — слободна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 25 километри југозападно од Хилдесхајм и 40 километри јужно од Хановер.

Дуинген
Католичката црква во Дуинген
Католичката црква во Дуинген
Католичката црква во Дуинген
Грб на Дуинген
Дуинген во рамките на Германија
Дуинген
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хилдесхајм
Општ. заед. Лајнско Средногорје
Градоначалник Клаус Крумфус (ДХС)
Основни податоци
Површина 59,62 км2
Надм. височина 193 м
Население 4.894 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 82 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HI
Пошт. бр. 31089
Повик. бр. 05185
Портал www.Duingen.de
Местоположба на Дуинген во рамките на округот Хилдесхајм
Карта
Карта
Координати 52°00′0″N 9°42′0″E / 52.00000° СГШ; 9.70000° ИГД / 52.00000; 9.70000

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба од месно значење.

Од 1 ноември 2016 година, поранешните општини Копенграфе, Хојерсхаузен, Мариенхаген и Венцен се дел од општината Дуинген. Сите тие биле дел од поранешната истоимена општинска заедница.

Географија уреди

Местоположба уреди

 
Поглед на Дуинген

Дуинген се наоѓа источно од Природниот парк Ридски крај Везер Шаумбург-Хамелн во рамките на Лајнското Средногорје помеѓу ридовите Ит, Тистер Берг и Дуингер Берг. Во близина се наоѓа изворот на притоката на Лајне, Зале. Низ Дуиншката Шума водат повеќе пешачки и велосипедски патеки.

Општински единици уреди

Општината Дуинген е составена од следниве единици:

(состојба 30 ноември 2016)[2]

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Einwohnerzahlen der Samtgemeinde Leinebergland..

Надворешни врски уреди