Дувачки инструмент

вид музички инструменти

Дувачки инструменти се инструменти кои го произведуваат тонот со дување, обично од устата и белите дробови на свирачот. Дувачките инструменти претставуваат едно голема и разнолико семејство. Се разликуваат по облик, материјал, начин на дување и улога. Тие спаѓаат во аерофони инструменти.

Распоред на дувачите во оркестрот:
1. Дрвени дувачи: Fl. picc. = флаута пикола, Fl. = флаути, Ob. = обои, C. ingl. = англиски рог, Cl. b. = бас-кларинет, Cl. = кларинети, Fg. = фаготи, Cfg. = контрафагот.
2. Лимени дувачи: Cor. = хорни, Tr. = труби, Trbn. = тромбони, Tb. = туба.
Ерке, дувачки инструмент од Аргентина

Бројот на дувачи инструменти во оркестарот зависи од големината и видот на оркестарот како и од потребите на композицијата, т.е. на композиторот кој го создава делото.

Во симфониски оркестар зад гудачите се наоѓаат свирачи на дрвени дувачки инструманати и рогови, а во последниот ред се наоѓаат свирачите на лимени дувачки инструменти (види слика).

Поделба на дувачки инструменти уреди

Зависно од материјалите од кои се произвeдени, дувачките инструменти се делат на две основни групи:[1]

1. Дрвени дувачки инструменти, во кои спаѓаат:

  • сите видови на флејти. Тонот кај нив се произведува со дување во мали кружни влезни отвори.
  • сите видови на обои. Тонот кај нив се произведува со дување во двојни писки.
  • англиски рог, на кој тонот се произведува исто така со дување во двојни писки.
  • сите видови на кларинети. На нив тонот се произведува со дување во клунести усник со единечна писка.
  • сите видови на саксофони. На нив тонот се произведува со дување во клунести усник со единечна писка.
  • сите видови на фаготи. На нив тонот се произведува со дување во двојни писки.

2. Лимени дувачки инструменти, на кои тонот се произведува со дување во метален усник. Тука спаѓаат:

Наводи уреди

  1. Baines, Anthony (1961). Musical Instruments Through the Ages. Harmondsworth: Pelican.

Надворешни врски уреди