Друштво на Македонците во Романија

„Друштвото на Македонците во Романија“ (Asociatia Macedonenilor din Romania) e здружение на романски граѓани од македонско етничко потекло.

Во ДМР членуваат околу 800 Македонци, од различни делови на Романија. Еден од раководителите на друштвото (заменик-претседател) била Лиана Димитреску, која истовремено била и пратеник во романскиот парламент каде го претставувала македонското малцинство.