Друшка (грчки: Δροσιά, Дросја, до 1926 г. Δρούσκα, Друска[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 33 жители (2011)

Друшка
Ζέρβη
Друшка is located in Грција
Друшка
Друшка
Местоположба во областа
Друшка во рамките на Воден (општина)
Друшка
Местоположба на Друшка во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°47.80′N 21°52.21′E / 40.79667° СГШ; 21.87017° ИГД / 40.79667; 21.87017
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаОстровско Езеро
Надм. вис.&10000000000000590000000590 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно33
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото сместено 3 км источно од Острово и 17 км западно од Воден, на надморска височина од 590 м.[3]

Историја уреди

Праисторија и антика уреди

Кај селото во месноста Сарацина е откриена населба од неолитот. На ридот Градишта има античка населба. Во близина е откриена и римска градба, која веројатно е одмориштето Mutatio ad Duodecim на Вија Егнација.[4]

Османлиско време уреди

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Дружко како македонско[5] село.[6]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дружко (Droujko) — село во Воденската каза со 15 куќи и вкупно 83 жители Македонци[7].[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Друшка живееле 68 жители, сите Македонци христијани.[7][9] Целото население било под црховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дружка (Droujka) имало 32 Македонци[7].[10]

Во Грција уреди

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 56 жители.[3] Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го води селото со 3 македонски куќи.[3] Дел од жителите се иселиле и на нивно место 1924 г. се населени 64 Грци-бегалци, така што во 1928 г. селото се води 67 жители, од кои само 3 Македонци.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Дросја. Сепак, во местото почнале да се доселуваат македонски семејства од други места, па во 1940 г. 152 жители, од кои 66 Македонци и 86 доселени Грци.[3] Статистиката на НОФ вели дека во 1947 г. во Друшка имало 73 Македонци и 101 грчки доселеник.[3]

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Острово, каде спаѓаат и гратчето Острово и селата Русилово, Ново Русилово и Кадрево.

Население уреди

Населението на Друшка опаѓа, веројатно поради тоа што селото важи за доста сиромашно.[3] Во деценијата од 2001 до 2011 г. бројот на жители се располовил. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 152 178 174 97 55 100 68 33
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости уреди

Цркви
  • „Св. Петар и Павле“ во селото
  • „Св. Никола“ — парохиска и гробишна црква
  • „Пресв. Богороица“ од 1924 г. - преку државниот пат на југоисток
  • „Св. Константин и Елена“ — уште појугоисточно, на рид над државнот пат
  • Параклис „Живоносен извор“
Археолошки наоѓалишта

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δρούσκα - Δροσιά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 48–49.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/15768/789/31-3-1999 - ΦΕΚ 443/Β/26-4-1999“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-19. Посетено на 2023-04-28. Занемарен непознатиот параметар |access= (се препорачува |access-date=) (help); Недостасува права црта во: |access= (help)
  5. нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика.
  6. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
  9. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 149
  10. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.