Државни празници во Монголија

список на статии на Викимедија

Државните празници во Монголија се официјални неработни денови кои ги востановила монголската влада. Тие се во чест на одредени значајни настани за Монголците.

Државни празници уреди

датум датум во 2012 македонски монголски белешки
1 јануари Нова Година Шинэ жил (Shine jil)
првите три дена од новата година 22 февруари - 25 февруари1 Месечева Нова Година или Цаган Сар (Бела месечина) Цагаан сар Празникот се слави според месечевиот календар. Според грегоријанскиот календар, празникот се слави некаде во периодот од јануари до март.
8 март Меѓународен ден на жената Олон Улсын Эмэгтэйчүүдийн Баяр, Мартын найман
1 јуни Ден на мајките и децата Эх үрсийн баяр
11 јули - 13 јули Надам Наадам Тридневен празник кој се совпаѓа со фестивалот Надам
првиот ден од првиот зимски месец од година[1] 14 ноември1 роденден на Џингис Хан Чингис хааны төрсөн өдөр Основан во 2012. На овој ден симболично се слави роденденот на Џингис Хан, но точниот датум не е познат.
29 декември Ден на независноста на Монголија Тусгаар Тогтнолын Өдөр
1.^ Засновано на негрегоријанскиот монголски календар.

Наводи уреди

Mongolian Legal Info Network