Дреново (Кавадаречко)

село во Општина Кавадарци

Дреново — село во областа Раец, во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.

Дреново
Дреново во рамките на Македонија
Дреново
Местоположба на Дреново во Македонија
Дреново на карта

Карта

Координати 41°25′09″N 21°53′24″E / 41.41917° СГШ; 21.89000° ИГД / 41.41917; 21.89000
Регион  Вардарски
Општина Кавадарци
Област Тиквеш
Население 508 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1423
Шифра на КО 11016
Дреново на општинската карта

Атарот на Дреново во рамките на општината
Дреново на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото Дреново се наоѓа на 12 километри оддалеченост од Кавадарци, со обезбеден асфалтен пат и вкупно население од околу 648 жители. Селото Дреново лежи на ниската тераса на Тиквешкото Езеро, под северната падината на Вров, над вливот на реката Црна во Раец. Селото е од збиен тип.

Историја уреди

 
Железничката станица во Дреново за време на Првата светска војна

Во минатото било населено со христијанско и муслиманско население. Се дели на седум маала. На сред село се наоѓале училиште, џамија, чешма, општинска зграда и дуќани.

Во XIX век селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Населението се занимава со земјоделство и сточарство. Поради Црна река околните ниви се доста плодни. Кон Вров на северената страна од Селото се наоѓаат пасишта и шуми.

Денес, селото го има зафатено миграција и голем број на семејства се доселени во Кавадарци. Сепак за време на летните месеци и викендите се враќаат во селото и го обработуваат своето земјиште. Жителите на Дреново располагаат со поголем број на крупна и ситна стока (коњи 51, говеда 8, овци 799, свињи 57живина 700) и претежно се занимаваат со земјодеслтво и сточарство.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948924—    
19531.059+14.6%
19611.136+7.3%
19711.066−6.2%
1981888−16.7%
ГодинаНас.±%
1991728−18.0%
1994699−4.0%
2002648−7.3%
2021508−21.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дреново живееле 1.040 жители, сите Македонци, од кои 800 муслимани и 240 христијани.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дреново имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци и 50 Турци.[4]

Дреново е тиквешко село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 1.136 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 699 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Дреново живеат 648 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 508 жители, од кои 438 Македонци, 1 Албанец, 1 Србин и 68 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.040 144 924 1.059 1.136 1.066 888 728 699 648 508
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови уреди

Дреново е македонско село. Во минатото позастапени биле Македонците-муслимани.

Според истражувањата од периодот на 1920-1924, родови во селото биле.

Македонци-православни

  • Староседелци: Ангелковци (8 к.), Горовци (р.1 к.), Бендеровци (2 к.), Каревци (р.1 к.), Божиновци (4 к.), Митиќовци (р.1 к.) и Левковци (р.1 к.)
  • Доселеници: Пецовци (2 к.) доселени се средината на 19 век од селото Грбовец; Ицовци (2 к.) доселени во средината на 19 век од прилепското село Радобил; Лаловци (р.1 к.) доселени во 1890 година од прилепското село Царевиќ; Цветковци (2 к.) доселени во 1911 година од селото Грбовец; Ѓоргевци (р.1 к.) доселени во 1913 година од прилепското село Никодин; Бечовци (2 к.) доселени во 1913 година од селото Грбовец; Мојановци-Божјаци (р.1 к.) доселени во 1915 година од селото Галиште.

Македонци-муслимани

  • Староседелци: Бектешовци (7 к.), Зулфери (2 к.), Османковци (6 к.), Аметовци (3 к.), Мујковци (2 к.), Мемедовци (3 к.), Ејуповци (р.1 к.), Идризовци (4 к.), Синановци (р.11 к.), Алиловци (3 к.), Бушовци (2 к.), Муратовци (р.1 к.), Селимовци (р.1 к.), Пиперковци (р.11 к.), Мастаковци (4 к.), Имер-Спаијовци (6 к.), Омеровци (2 к.), Хусовци (2 к.), Зеќировци (р.1 к.), Таквинчевци (р.1 к.), Митовци (5 к.), Кадичевци (р.1 к.), Асан-Спаијовци (2 к.), Пелиовци (р.1 к.), Иметовци (2 к.), Езаџијовци (р.1 к.), Јусуфовци (3 к.), Паковци (р.1 к.), Зурановци (р.1 к.), Хаџијовци (2 к.), Шеовци (2 к.), Јанузовци (р.1 к.), Камберовци (р.1 к.), Велијовци (р.1 к.), Глушчевци (р.1 к.), Сулејмановци (р.1 к.), Ибрајимовци (2 к.), Пашовци (4 к.), Чортевци (р.1 к.), Бекировци (4 к.), Беловци (р.1 к.), Мецковци (р.1 к.), Али-Еминовци (4 к.), Борупчетовци (р.1 к.). Еминовци (р.1 к.), Мемишовци (4 к.), Демировци (р.1 к.), Мулезимовци (р.1 к.), Јановци (р.1 к.), Елмаз-Муратовци (р.1 к.) и Саздовци (р.1 к.) последниот род бил последно исмамизиран.
  • Доселеници: Пољаковци (7 к.) доселени се на почетокот на 18 век од дебарско. По доселувањето на основачот на овој род, започнала исламизацијата во селото Дреново; Муаџировци (р.1 к.) доселени се како мухаџири во 1878 година од околината на Врање во Србија; Адемовци (8 к.) доселени во 1884 година од селото Сирково; Сулејмановци (4 к.) доселени се во 1888 година од велешкото село Долно Чичево; Арифовци (р.1 к.) доселени се во 1898 година од селото Сирково; Мустафовци (р.1 к.) доселени во 1916 година од Кавадарци.[11]

Општествени установи уреди

  • Во селото има осумгодишно основно училиште Во ова училиште се опфатени и децата од околните села во кои има основни училишта каде децата посетуваат настава само до 4-то одделение.

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 695 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на младински дом.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 468 гласачи.[13]

Редовни настани уреди

Водоснабдувањето во селото е решено со иградбата на новиот бунар и потисен цевовод со капцитет од 5 л/сек. Пред изградбата на овој инфраструктурен објект, селото се снабдуваше со вода од каптираните извори во „Мотичани“ и „Црквата“ со капацитет од 0,8 м/сек и резервоари 2 ч. 65 м3 па се чувствуваше голем недостиг на вода и проблем со водоснабдувањето. Денес проблемот со водоснабдувањето е решен, а во тек е решавање на проблемот со канализацијата, кој е проект на Локалната самоуправа со поддршка на USAID.

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви
Археолошки наоѓалишта[14]

Личности уреди

Личности родени во Дреново:

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 153.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 150, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. 15,00 15,01 15,02 15,03 15,04 15,05 15,06 15,07 15,08 15,09 15,10 15,11 15,12 15,13 15,14 15,15 15,16 15,17 15,18 15,19 15,20 15,21 15,22 15,23 15,24 15,25 15,26 15,27 15,28 15,29 15,30 15,31 15,32 15,33 15,34 15,35 15,36 15,37 15,38 15,39 15,40 15,41 15,42 15,43 15,44 15,45 15,46 15,47 15,48 15,49 15,50 15,51 15,52 15,53 15,54 15,55 15,56 15,57 15,58 15,59 Камчевски, Петре (2008). Селото Дреново низ вековите. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 273–274. ISBN 987-9989-2432-9-5 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid prefix (help).

Надворешни врски уреди