Драчевица (Демиркаписко)

село во Општина Демир Капија, Македонија

Драчевица — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.

Драчевица

Поглед на селото

Драчевица во рамките на Македонија
Драчевица
Местоположба на Драчевица во Македонија
Драчевица на карта

Карта

Координати 41°21′00″N 22°11′45″E / 41.35000° СГШ; 22.19583° ИГД / 41.35000; 22.19583Координати: 41°21′00″N 22°11′45″E / 41.35000° СГШ; 22.19583° ИГД / 41.35000; 22.19583
Регион  Вардарски
Општина  Демир Капија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1442
Повик. бр. 043
Шифра на КО 18010
Надм. вис. 890 м
Слава Свети Димитриј
Драчевица на општинската карта

Атарот на Драчевица во рамките на општината
Драчевица на Ризницата

Потекло и значење на името уреди

Драчевица во минатото го носела името Горна Драчевица, бидејќи во Демиркаписко постоело уште едно село со името Драчевица. Тоа село наречено Долна Драчевица исчезнало за време на Првата светска војна.

Географија и местоположба уреди

 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено на десниот брег на реката Бошавица.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 490 метри, а од градот Неготино е оддалечено 28 километри.[2] Од градот Демир Капија, селото е оддалечено 8 километри. До селото води земјен пат кој започнува во близина на хидроцентралата „Дошница“.

Драчевица се наоѓа на тераса на ридот Зајчар, кој ги раздвојува сливовите на реките Дошница и Бошавица. Низ селото поминува дол, кој се влива во Бошавица при излезот на реката од Баровската Клисура. Во селото се наоѓа чешма, додека во атарот постојат и други чешми и извори.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Три Брата, Оровог, Лисница, Гољак, Џбуровец, Падиње, Лештевски Дол, Дрмановец и Вршник.[3]

Селото има разбиен тип, поделено на Горно и Долно Маало, сместени на десниот и левиот брег на долот.[3]

Историја уреди

Местото е населено уште од доцната антика, за што сведочат остатоците од населба со некропола во наоѓалиштето Падарница.

Селото било отсекогаш на истото место, а само еднаш по буица било целосно испразнето.[3]

Селото било христијанско и од получифлички тип. До почетокот на XIX век, селото имало збиен тип и слободно, а подоцна станало получифличко и на сретсело била подигната беговска кула.[3]

За време на слободниот период, селото честопати било напаѓано од Турците од селата Бесвица, Прждево и Тремник. Селаните се договориле да го продадат селото на ајанот Кантур од Пепелиште. Подоцна била подигната кулата на Кантур на сретсело и селото било сигурно од арамии и напади. Подоцна, кулата и Долното Маало повеќепати биле наследувани, а последниот наследник го продал имотот на селаните пред аграрната реформа.[3]

Стопанство уреди

 
Горното Маало
 
Влезот на поранешното училиште

Атарот е голем и зафаќа простор од 28,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.325,4 хектари, на пасиштата отпаѓаат 414,3 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат само 71,5 хектари.[2]

Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]

Селаните главно се занимавале со сточарство. Исто така, селаните ловеле и доста риба на Вардар.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948239—    
1953234−2.1%
1961161−31.2%
197187−46.0%
198120−77.0%
ГодинаНас.±%
19919−55.0%
19944−55.6%
20020−100.0%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Долна Драчевица имало 80, а во Горна Драчевица — 382 жители сите Македонци христијани.[4][5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во едната Драчевица (Dirtchevitza) имало 80, а во другата 368 Македонци, сите под егзархијата.[4][6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

Селото е мало и во 1961 година броело 161 жител, додека во 1994 година бројот се намалил на само четири жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Драчевица немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 462 448 239 234 161 87 20 9 4 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Драчевица било христијанско македонско село.[3]

Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:

  • Староседелци: Таовци-Чаушовци (8 к.), Златевци (2 к.), Јовановци (4 к.), Минчевци (1 к.), Аџијовци (6 к.), Баба Анќини (1 к.), Бошковци (5 к.) и Ѓуровци (1 к.).
  • Доселеници: Поп-Дамовци (1 к.), Власи кои потекнуваат од домазет доселен од селото Ливада во Егејска Македонија, денес Грција. Потекнуваат од предок Влав. Поп Дамо-Влавот се доселил во селото околу 1840 година; Трајковци (1 к.), доселени од некое село Прекопрнци; Митревци (1 к.), доселени од селото Стрмашево; Петковци-Шепендије (1 к.), и тие се доселени од селото Стрмашево; Стојановци (1 к.), исто така од Стрмашево; Камчевци (1 к.), доселени од селото Долни Дисан; Несторовци (1 к.), доселени од селото Бесвица; Клисуровци-Зеленгоровци (1 к.), доселени од селото Клисура; Геговци (1 к.), доселени од селото Стрмашево; Татаровци (2 к.), доселени од селото Радња. Во Радња припаѓале на истоимениот род. Таму се доселени од селото Полчиште во Мариово; Митревци (1 к.), доселени од Јанков Чифлик, а таму од селото Тимјаник и Аврамовци (1 к.), доселени во 1916 година од селото Тушин во Меглен.

Општествени установи уреди

 
Поранешното основно училиште во селото
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика уреди

 
Горномаалска чешма

Во XIX век, Драчевица било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Драчевица, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Дрен, Иберли, Клисура, Копришница, Корешница, Кошарка, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Демир Капија, во која влегувале селата Демир Капија, Драчевица, Дрен, Копришница, Клисура и Чифлик.

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1248 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зградата на основното училиште во селото Барово. Избирачкото место ги опфаќа селата Барово, Драчевица и Стрмашево.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[14] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Главната селска црква „Св. Димитриј“
Археолошки наоѓалишта[16]
  • Падарница — населба и некропола од доцноантичко време
Цркви[17]

Редовни настани уреди

Слави[3]

Личности уреди

Родени во или по потекло од Драчевица

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 113. Посетено на 4 септември 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 290–292.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 155. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 104-105.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 септември 2021.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 5 септември 2021.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 21 август 2021.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 231. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди