Драгоманци

село во Воденско, Егејска Македонија

Драгоманци (грчки: Άψαλος, Апсалос; до 1926 г. Δραγουμάνιτσα или Δραγομανίτσα, Драгуманица/Драгоманица[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.121 жител (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]

Драгоманци
Άψαλος
Поглед на Драгоманци
Поглед на Драгоманци
Драгоманци is located in Грција
Драгоманци
Драгоманци
Местоположба во областа
Драгоманци во рамките на Меглен
Драгоманци
Местоположба на Драгоманци во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°53.33′N 22°3.26′E / 40.88883° СГШ; 22.05433° ИГД / 40.88883; 22.05433
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000150000000150 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно919
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Драгоманци на сојузничка разгледница од Првата светска војна

Географија уреди

Селото е сместено во котлината Меглен, на 15 км северно од Воден и 12 км јужно од С’ботско.[4]

Историја уреди

Праисторија и антика уреди

Во околината на Драгоманци е пронајдена античката населба Апсалос,[4] еден од трите града во Алмопија, заедно со Орма и Европ, спомнати од географот Клавдиј Птоломеј во II век. Праисториските и античките населби се откриени во месностите Јазол (Комвос), Колосек (Грами), Тумба и Врбен. Се смета дека во антиката, населбите околу Драгоманци биле испостави на тврдината над Почеп.[5] Денешното име на селото е преземено од називот на таа стара населба, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Во Отоманското Царство уреди

Поголемиот дел од жителите на Драгоманци во дадено време го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Значаен дел од оние кои одбиле да си ја сменат верата постепено се преселиле во Воден и околните македонски села.[3] Доказ за устојчивоста на христијанското население во XIX век е изградбата на црквата „Св. Атанасиј“ во тоа време.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драгоманци (Dragomantzi) било село во Воденската каза со 340 куќи кои се состоеле од и 915 жители муслимани (т.е. Македонци-муслимани) и 280 Македонци (христијани).[7][8]

Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ, кон крајот на XIX век Драгоманци е македонско муслиманско село с машко население од 424 души и 120 домаќинства.[9][10] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Драгоманци било чисто македонско село, со 220 Македонци-христијани и 1.000 Македонци-муслимани.[7][11]

Христијанското население на Драгоманци потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгоманци (Dragomantzi) имало 120 Македонци под егзархијата.[7][12] Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), пред Балканските војни Драгоманце имало 260 куќи на „Турци“ и 10 куќи на Роми.[13]

Во Грција уреди

 
Првата полска болница на Српската армија во Драгоманци за време на Првата светска војна, 1917 г.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1.050 жители, кои во 1920 г. биле 1.015.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Апсалос, по античкиот град град, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Во 1920-тите муслиманското македонско население на Драгоманци е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Понд (од Хаџи Осман во Никомидиско, Акдаг Маден во Анкарско и Булгар Маден во јужна Турција), Тракија (од Ексамили на полуостровот Галиполе) и Мала Азија (од Смирненско).[4] Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско со 1.210 дојденски жители (299 семејства).[14] Во 1945 г. во Драгоманци се доселиле и Власи од Епир.[4]

Почнувајќи од 1950-тите селото бежели извесен пад на населението, поради иселување во градовите.

Според истражување од 1993 г. селото е етнички мешано (грчко-влашко), во кое понтскиот грчки и влашкиот се зачувани на средно ниво.[15]

Места во заедницата Драгоманци преименувани со службен указ на 6 август 1969 година
Име Име Ново име Ново име[16] Опис[17]
Прнаска[17] Παρνάσκα Пурнари Πουρνάρι[16] возвишение на Ј од Драгоманци (304 м)[17]
Врбино[17] Βέρμπινον Итија Ίτιά[16] возвишение на ЈИ од Драгоманци (261 м)[17]
Почепски Кајнак Καϊνάκι Μαργαρίτας Пиги Маргаритас Πηγή Μαργαρίτας[16] река на С од Драгоманци[17]
Албанска[17] Άλμπάνσκα Корифи Κορυφή[16] возвишение на Пајак на ЈИ од Драгоманци, на ЈЗ од Дреново и на И од Врбени[17]
Дигника[17] Ντίγνικα Сикомено Σηκωμένο[16] возвишение на Пајак на Ј од Дреново (334,6 м)[17]
Чатак[17] Τσατάκ Фурка Φούρκα[16] возвишение на Пајак на ЈИ од Дреново[17]
Јазиз[17] Γιαζίζ Агиос Άγιος[16] месност на Пајак на Ј од Дреново[17]
Кара[17] Καρά Мавропотамос Μαυροπόταμος[16] името на Мегленица во нејзината клисура на Пајак[17]
Чифлик[17] Τσιφλίκι Врахаки Βραχάκι[16] месност на Пајак на И од Драгоманци и на З од Дреново[17]
Големишта[17] Γκουλέμαστα Мегали Периохи Μεγάλη Περιοχή месност в Пајак на ЈЗ од Дреново[17]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.502 1.572 1.491 1.320 1.277 1.254 1.178 1.121 919
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Населението произведува големи количества на десертно грозје, тутун, жито и други земјоделски производи. Мошне развиено е и сточарството, поради непрегледните пасишта околу селото.[3]

Знаменитости уреди

Арехеолошки наоѓалишта
  • Врбен — населба од неолитот до доцноримско време
  • Колосек (Грами) — населба од неолитот и антиката
  • Јазол (Комвос) — населба од неолитот и антиката
  • Драгоманска тумба — населба од антиката

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δραγουμάνιτσα -- Άψαλος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 88–89.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Τοπική Κοινότητα Αψάλου“. Δήμος Αλμωπίας. Посетено на 17 јуни 2014.
  5. „Αρχαίος οικισμός Αψάλου“. Βάση Δεδομένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 2018-06-24. Посетено на 30 април 2018.
  6. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/49633/1175/7-1-1987 - ΦΕΚ 271/Β/2-6-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-06-30. Посетено на 18 октомври 2014.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 – 159.
  9. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  10. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани. ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 123. ISBN 954-9308-51-0.
  11. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. Воденска Каза. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 150.
  12. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
  13. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 24.
  14. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  15. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  16. 16,00 16,01 16,02 16,03 16,04 16,05 16,06 16,07 16,08 16,09 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 496. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος (грчки). Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 150): 1070. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  17. 17,00 17,01 17,02 17,03 17,04 17,05 17,06 17,07 17,08 17,09 17,10 17,11 17,12 17,13 17,14 17,15 17,16 17,17 17,18 17,19 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Надворешни врски уреди