Драги Костовски (роден на 22 април 1930 во Битола - починал на 3 декември 1980 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Драги Костовски
Роден 22 април 1930
Битола
Починал 3 декември 1980
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Републиката во пламен
Волшебното самарче
Патот кон иднината
Занимање глумец

Животопис уреди

Во 1947 година се запишал на Државната театарска школа во Скопје. Уште од почетокот на својата театарска кариера (1949) играл значајни улоги. Својата надареност ја потврдил и како филмски глумец. На филм дебитирал со својата улога во Мис Стон (1958), по што следувале низа од филмови во коишто како носител на главни и епизодни улоги ја потврдил својата извонредна способност за типолошки преобразувања. Настапувал и на телевизија[1].

Филмографија уреди

Филмографија на глумецот Драги Костовски
Год. Назив Улога
1950-ти
1958 Мис Стон /
1960-ти
1964 Под исто небо /
1966 До победата и по неа Кирил Нацев
1967 Мементо Д-р Марк
1967 Македонска крвава свадба /
1967 Диво семе /
1967 Пустина ТВ филм /
1968 Планината на гневот /
1968 Братот на доктор Хомер /
1968 Вук са Проклетија /
1968 Стотиот чекор ТВ филм /
1968 Лудиот и калугерицата ТВ филм /
1969 Републиката во пламен Никола Карев
1969 Свекник ТВ филм /
1969 Прозори ТВ филм /
1969 Враќањето од рајот ТВ филм /
1970-ти
1970 Цената на градот Рихтер
1970 Розенберговите не треба да умрат ТВ филм Јулијус Розенберг
1970 Нешто многу деликатно ТВ филм /
1970 Александра ТВ филм /
1971 Жед Виктор
1971 Земјаци ТВ филм /
1971 Прием ТВ филм /
1972 Истрел /
1972 Вител ТВ филм Заробеникот
1973 Добра долина ТВ филм /
1973 Смилевскиот конгрес ТВ филм Даме Груев
1975 Волшебното самарче ТВ серија /
1975 Јад /
1975 1976 Патот кон иднината ТВ серија /
1977 Итар Пејо ТВ серија Владиката
1977 Пресуда Аспарух Савов
1979 Курирот на Гоце ТВ серија /
1980-ти
1980 Време, води Зукјко Крлукјот
1980 Учителот ТВ филм /
1982 Илинден ТВ серија Таку Вале

Наводи уреди

Надворешни врски уреди