Драган Вучиќ

Македонски музичар

Драган Вучиќ (Скопје, 6 септември 1955Скопје, 4 мај 2020) — македонски композитор, пејач, филантропист и телевизиски водител. Тој има компонирано голем број на хитови, како што се Свирете ја Зајди Зајди, Ангели ме носат и Кажи Ѕвездо.

Во 80-тите години е дел од групата "Тавче Гравче" каде е бас-гитарист. Во 1990-тите беше водечки вокал на поп-фолк бендот „Кода“. Тој ја компонираше песната Ти си сон, отпеана од неговиот син Мартин Вучиќ, одбрана да ја претставува Македонија во Евровизија 2005.

Во текот на неговата кариера тој исто така беше водител на повеќе телевизиски емисии на македонските телевизии. Негова прва емисија како водител е во "Вашите 5-минути" на Сител-телевизија, во 2000-та година. Подоцна емисијата "Некогаш и сега" на Канал 5 во 2010 година. Во 2012 година, беше автор и водител на емисијата "На Турско кафе со... која се емитуваше на Канал 5 каде правеше интервјуа со познати турски глумци. Квизот "Среќни коцки" во 2013 година, кој се емитуваше на Канал 5, а потоцна на Телевизија Алфа. Од 2016 до 2018 година емисијата "Среќни луѓе" на Канал 5, а подоцна на Телевизија Алфа. Во 2018 година, емисијата "Возење со Вучиќ" која се емитуваше до 2019 година на 1ТВ и неговата последна емисија "Гурмански муабети" со EX YU гостите која се емитуваше во период од 2019 до 2020 година, на ТВ Телма.

Вучиќ боледувал од рак на белите дробови и неговата состојба се усложнила откако се заразил со COVID-19 во април 2020 година. Тој почина на 4 мај 2020 на инфективната клиника во Скопје на 64-годишна возраст.