Дојран (Егејска Македонија)

село во Кукушко, Егејска Македонија, на границата со Република Македонија

Дојран (грчки: Δοϊράνη, Дојрани) — село во северниот дел на централна Егејска Македонија, во рамките на Општина Кукуш. Има 83 жители (2011).

Дојран
Δοϊράνη
Британскиот споменик од I светска војна
Британскиот споменик од I светска војна
Дојран is located in Грција
Дојран
Дојран
Местоположба во областа
Дојран во рамките на Кукуш (општина)
Дојран
Местоположба на Дојран во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°10.40′N 22°45.40′E / 41.17333° СГШ; 22.75667° ИГД / 41.17333; 22.75667
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаДојран
Надм. вис.&10000000000000147000000147 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно83
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.610 03
Повик. бр.23410-9
Рег. таб.ΚΙ

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во Дојранската Котлина, на неколку километри северно од градот Кукуш. Селото е сместено на јужниот брег на Дојранското Езеро, на местото на железничката станица на некогашниот град Дојран, разрушен во Првата светска војна. Денес Дојран е на самата граница со Република Македонија и има граничен премин. Над него има огромен споменик на загинатите британски војници во Првата светска војна.

Историја уреди

Со припојувањето на железничката станица Дојран кон Грција по Втората балканска војна, во пописот од 1913 година, Дојран е означено како село, но без жители. За време на Првата светска војна доаѓаат првите доселеници, претежно од градот Дојран, кој останал во Вардарска Македонија (тогаш дел од Кралството Србија).

Демографија уреди

Во почетокот кога била изградена населбата, во неа живееле македонски семејства под Цариградската патријаршија од градот Дојран, додека подоцна се населиле и грчки бегалци. Така, според пописот од 1920 година, во селото живееле 108 жители, додека според пописот од 1928 година живееле 202 жители од кои 73 лица (15 семејства) грчки доселеници од Турција и Бугарија.[2].

Во 1940 година селото броело 229 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 244 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 237 жители, во 1971 година имало 179 жители, во 1981 година имало 150 жители, додека во 1991 година имало 151 жител. Денеска, населението на селото е 183 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 229 244 237 179 150 151 183 83
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Денес жителите на селото се занимаваат претежно со туризам и рибарство.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски уреди