Допирка

права која допира точка на крива

Допирка[1] или тангента[2] (латински: tangere - допира) — права во геометријата која во дадена точка допира крива. Пример за допирки се железничките шини, кои тркалата на возовите ги допираат во по една точка. Допирката и кривата во точката на допир имаат ист правец.

Црна крива и црвена допирка

Во случај на круг, сите прави во иста рамнина можат да бидат секанти, допирки или пасанти – зависно од тоа дали со кружницата имаат две, една или ниедна заедничка точка. Допирката на кружница е нормална на полупречникот кој одговара на точката на допир.

За дадена крива на реална функција , допирката во точката претставува правец кој има ист наклон како и функцијата. Тој наклон претставува први извод на функцијата во точката , кој се запишува како . Оттука, апроксимираната вредност во околината е:

.

Допирката е најприближна линеарна апроксимација на функцијата во точката на допир  :

за

Диференцијална геометрија уреди

Математичката крива   е дефинирана во реалниот интервал   со функцијата  . Нека   (са  ) е една точка на кривата. Тогаш првиот извод на функцијата   во точката   (исто така  ) се нарекува вектор на допирката.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

  • Хацевинкел, Михил, уред. (2001), „Tangent line“, Математичка енциклопедија, Шпрингер, ISBN 978-1556080104
  • Tangent Line“ од Ерик В. Вајсштајн — MathWorld (англиски)