Дончо Лазаров (1878-1950) — македонски револуционер, тиквешки војвода и член на Македонската револуционерна организација.[1]

Дончо Лазаров
Роден 1878
Ваташа, Кавадаречко
Починал 1950
Петрич

Животопис уреди

 
Тиквешката чета на Дончо Лазаров (седнат е во средина), 1907 година

Дончо Лазаров роден на 1878 година во Ваташа, Кавадаречко. Завршил педагошко училиште во Скопје. Бил назначен за учител во Тиквешко. Пред Тиквешкото востание се ангажирал околу подготовките на Организацијата и придонел во организирањето на илегална работилница во училиштето во Ваташа за изработка на облека за четниците. Учествувал и во нападот на чифликот на Азис ага, покрај селото Моклиште во 1903 година.

Во 1904 година ја напуштил учителската работа во Ресава, Кавадерчко, и се вклучил во четата на војвода Добри Даскалов. На крајот од 1905 година бил назначен за реонски војвода во Тиквешијата каде останал до Младотурската револуција во 1908. На 1 јули 1907 година со чета тргнал за Македонија од Ќустендилскиот пункт во ВМРО. Неколкупати бил апсен и затворан од турската власт. По Младотурската револуција бил еден од основачите на Народната федеративна партија во Кавадерчко. По разочарувањето на Младотурската револуција повторно станал четник кај војводата Лазар Фертикот. Во јуни 1913 година бил меѓу организаторите и раководителите на Тиквешкото востание против српската власт.

По Првата светска војна се преселил во Петрич и работел во постојаната окружна комисија. Во 1921 година бил избран за градоначалник на Петрич. Во октомври 1928 година бил избран за член во една комисија за помирување на спротивставените страни во ВМРО, формирана од Илинденската организација. Во 1930 година бил избран за претседател на македонското друштво „Христо Матов“ во градот. Починал на 1950 година во Петрич, Бугарија.

Наводи уреди

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 164