Донечка Народна Република

самопрогласена република на територијата на Донечката област во Украина; терористичка организација

Донечка Народна Република, скратено ДНР (руски: Донецкая Народная Республика, украински: Донецька Народна Республіка) — непризнаена држава во Источна Европа. Таа била прогласена во месец април 2014 година[2] во границите на Донечката област која де јуре е дел од територијата на Украина. Географски републиката граничи со Украина на север и на запад, со Русија и исто така самопрогласената Луганска Народна Република на исток, a на југ излегува на Азовското Море.

Донечка Народна Република
Донецкая Народная Республика  (руски)
Донецька Народна Республіка  (украински)
Знаме Грб
ХимнаСлавься республика
"Слава на Републиката"

Територија контролирана од Донечката Народна Република
Територија контролирана од Донечката Народна Република
Територија контролирана од Донечката Народна Република
Главен град
(и најголем)
Донецк
48°00′N 37°48′E / 48.000° СГШ; 37.800° ИГД / 48.000; 37.800
Службен јазик
Уредување унитарна претседателска република
 •  Претседател Денис Пушилин
 •  Премиер Владимир Пашков
Законодавство Народен совет
Независност од Украина 
 •  Основана 7 април 2014 
 •  Референдум за независност 11 мај 2014 
 •  Договор од Минск 5 септември 2014 
 •  Договор од Минск II 12 февруари 2015 
 •  Признаена од Русија 21 февруари 2022 
Површина
 •  Вкупна 8,902 км2 
Население
 •  проценка за 2018 г. 2,302,444[1] 
Валута Руска рубља (RUB)
Часовен појас MSK (UTC+3)
Се вози на десно

Релјефот на републиката е ридско рамниште, испресечено од речните долини. Просечната надморска височина на теренот е 140 метри. Главен и најголем град е Донецк. Според статистики на владата на ДНР од 1 јануари 2018 година на нејзина територија живеат околу 2 милиони жители.[3] Службени јазици на републиката се рускиот и украинскиот,[4] додека официјална валута е руската рубља.[5]

Иако де факто постои, Донечката Народна Република не е признаена од поголемата меѓународна заедница. Таа единствено е официјално признаена од ЛНР и на 27 јуни 2014 година од исто така самопрогласената Јужна Осетија.[6] Со указ на претседателот Владимир Путин, од 18 февруари 2017 година, граѓаните на ДНР може да патуваат, работат и студираат во Русија.[7] Според Украина, Донечката Народна Република е создадена и управувана од „терористичка организација“.[8]

Историја уреди

 
Проруски демонстрации на 7 април пред зградата на локалната управа во Донецк
Прогласување

Како резултат на проруските немири во Украина во 2014 година, на 6 април проруски сепаратисти упаднале во зградата на локалната управа во Донецк[9][10] и повикале на вонредна седница на Донечката област на која ќе се закаже референдум за соединување на областа со Русија, сличен на оној во Крим, а во спротивно тие ќе ги отпуштат сите членови на локалниот совет и ќе прогласат т.н. народен мандат, со што ќе се изберат нови членови на советот.[11] Така, наредниот ден, на 7 април била прогласена Донечката Народна Република.[12]

Независност од Украина

На 11 мај 2014 година на териториите под контрола на сепаратистите во Донечката и Луганската област се спровел референдум на кој во Донецк било поставено прашањето „Дали го поддржувате Актот за државна самостојност на Донечката Народна Република?“ на кој според информациите од ДНР излегле 74 отсто од населението и позивитно гласале 89%. Следниот ден, на 12 мај претседателот на привремената влада на ДНР, Денис Пушилин прочитал проглас во кој се објаснува дека врз основа на резултатите од референдумот, народот официјално ја прогласува Донечката Народна Република за суверена држава.[13] Референдумот не е официјално признаен од ниту една држава, а некои земји го сметаат за неуставен и без легитимитет.

Наводи уреди

  1. Број на населението на Донечката Народна Република од 1 јануари 2018 година Архивирано на 16 мај 2018 г. (руски)
  2. „Регионалниот совет на Донецк прогласи „Донечка Народна Република". Република. 7 април 2014. Посетено на 23 октомври 2018.[мртва врска]
  3. Број на населението на Донечка Народна Република од 1 јануари 2018 година Архивирано на 16 мај 2018 г. (руски)
  4. „Самопрогласената Донечка Народна Република (ДНР) избра влада. Рускиот граѓанин Александар Бородај стана нејзин премиер“. РБК (руски). 16 мај 2014. Посетено на 10 јануари 2018.
  5. „ДНР се префрли на рубљата“. ДАН (руски). 3 септември 2015. Посетено на 10 јануари 2018.
  6. Указ „За признавањето на Донечката Народна Република“ (руски)
  7. Указ за признавање на документи издадени на граѓани на Украина и лица без државјанство кои живеат на териториите на одделните региони на Донечката и Луганската област во Украина (руски)
  8. „Обвинителот на Украина ги класификува самопрогласените републики Донечка и Луганска како терористички организации“. КиевПост. 16 мај 2014. Посетено на 10 јануари 2018.
  9. „Проруски демонстранти упаднале во владината зграда во Донецк“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 6 април 2014. Посетено на 25 октомври 2018.
  10. „Проруски активисти ја заземаа зградата на локалната управа во Донецк“. А1он. 6 април 2014. Посетено на 25 октомври 2018.[мртва врска]
  11. „Донечките сепаратисти се подготвуваат да формираат „Народен Совет" и да се приклучат на РФ“. Украинска правда. 6 април 2014. Посетено на 25 октомври 2018.
  12. „Прогласена независност во Донецк“. Кајгана. 7 април 2014. Архивирано од изворникот на 2014-08-16. Посетено на 25 октомври 2018.
  13. „Народна Република Донецк се прогласи за суверена држава“. Кајгана. 12 мај 2014. Архивирано од изворникот на 2014-08-16. Посетено на 25 октомври 2018.

Надворешни врски уреди