Доналд Глејзер (21 септември 1926 – 28 февруари 2013) — американски физичар, невробиолог и добитник на Нобелова награда за физика во 1960 г. за својот изум, вид на Вилсонова комора која се користи во субатомска честична физика.[1][2][3]

Доналд Глејзер
Доналд Глејзер
Роден(а)Доналд Артур Глејзер
21 септември 1926(1926-09-21)
Кливленд,Охајо, САД
Починал(а)28 февруари 2013(2013-02-28) (возр. 86)
Беркли, Калифорнија, САД.
ПолињаФизика, Молекуларна биологија
Установи
Образование
Докторски менторКарл Дејвид Андерсон
Познат по
Поважни награди
Сопружник
  • Рут Бони Томсон (о. 1960; 2 деца)
  • Лин Берковиц (о. 1975)

Образование уреди

Роден во Кливленд,Охајо, Глејзер во 1946 година дипломирал физика и математика на училиштето за примена на науките[2]:10 Тој докторирал физика на Калифорнискиот институт за технологија во 1949 година. Глејзер прифатил да биде подучувач на Мичигенскиот универзитет во 1949 година и тој бил унапреден во професор 1957 година. Тој се вработил на факултетот на Калифорнискиот универзитет во Беркли во 1959 година како професор по физика. Во тој период неговото истражување се задржува на краткотрајните елементарни честички. Комората му овозможила да ги набљудуваат патеките на животниот век тие честички.

Во почетокот во 1962 година Глејзер го променил своето поле на истражување во молекуларна биологија, започнувајќи со еден проект на ултравиолетово-индуциран рак. Во 1964 година му била дадена дополнителна титула професор по молекуларна биологија. Титулата на Глејзер на факултетот (во 1989) била професор по физика и невробиологија.

Личен живот уреди

Доналд Глејзер е роден на 21 септември 1926 година. во Кливленд Охајо како син на руските еврејски мигранти Лена и Вилијам Глејзер, кои биле стопанственици.[4][5] Тој уживал во музиката и свирел пијано, виолина и виола. Тој се школувал во Кливлендската гимназија, каде се заинтересирал за физиката како средство со кое може да се резбере физичкиот свет.[2]:2,6,8 Тој починал во сон, на возраст од 86 г одини на 28 февруари 2013 година во Беркли,Калифорнија.[6]

Образование и почеток на кариерата уреди

Глејзер своето образование го започнува во училиштето за применета наука (сега) Универзитетот „Кејс Вестерн Резерв“ каде што се здобива со диплома по физика и математика во 1946 година. Во текот на своето образование, тој особено е заинтересиран за честичната физика.[2]:15 Тој свирел на виола во Кливлендската филхармонија и предавал математика на колеџот по дипломирањето.[2]:12 Тој породлжил да работи на Калифорнискиот институт за технологија (Калтек), каде што го завршува неговиот докторат по филозофија. Неговиот интерес за честичната физика го навела да работи со добитникот на Нобеловата награда Карл Дејвид Андерсон, кој го изучувал космичко зрачење со Вилсонова комора.[2]:22 Тој пртпочитал да работи со космички зраци поради нивната достапност, отколку да врши истражувања во јадрената физика. Додека е на Калтех научил како да проектира и да гради опрема што му е потребна за неговите експерименти,[2]:22 и оваа негова вештина ќе се покаже како корисна во неговата кариера. Тој исто така присуствувал и на семинари за молекуларна генетика предводени од нобеловецот Макс Делбрик  ;[2]:20на што ќе се наврати на оваа област подоцна. Глејзер својата докторска теза на тема, Моментална распределба на наелектризираните честички од космичките зраци во непосредна близина на морското ниво, ја одбранил во 1949 година и подоцна започнал да работи како подучувач на Мичигенскиот универзитет.[2]:28 Тој доктортот од Клатех во 1950 година и бил унапреден во професот на Мичигенскиот универзитет во 1957 година.[2]:43

Меурна комора уреди

 
Меурна комора

Додека предавал во Мичиген, Глејзер започнал да работи на експерименти, кои довеле до создавање на меурната комора.[2]:37 Неговото искуство со Вилсоновите комори во Калтех му укажале дека не се соодветни за изучувањето на елементарните честички. Во Вилсоновата комора, честичките минувале иако гасот се судирал со металната плоча што пак оневозможувало на научниците да го видат настанот. Вилсоновата комора, исто така треба да се ресетира меѓу снимањето на настаните и не е способна да го следи темпото на производство на честички од забрзувачите.[2]:31–32

Тој експериментирал со користење на прегреана течност во стаклена комора. Наелектризираните честички ќе остават патека од меурчиња при преминот низ течноста, а нивната патека ќе може да се фотографира. Тој ја создал првата меурна комора со етер.[2]:37–38 Тој експериментирал со водород додека бил во посета на Чикашкиот универзитет, и покажал дека и водородот може да се користи во комората.[2]:44

Често се тврди дека Глејзер бил инспириран за својот изум од меурчињата во неговата чаша од пиво; Меѓутоа во еден разговор во 2006 тој ја негирал оваа приказна велејќи дека иако пивото не било „инспирација“ за меурната комора, тој изведувал експерименти користејќи го пивото за да го исполни прототипот.[7]

Неговиот нов изум е идеален за користење кај високоенергетските забрзувачи на честички,[2]:47 па Глејзер отпатувал до Брукхејвенската национална лабораторија со своите студенти каде ги проучувал елементарните честички користејќи го тамошниот забрзувач на честички. Со сликите што ги создал со својата меурна комора добил признание за важноста на неговиот уред со што тој се стекнал со потребните финансии за да ги продолжи експериментите коистејќи поголеми комори. Глејзер подоцна бил регрутиран од нобеловецот Луис Алварез,[2]:59 кој работел со меурна комора исполнета со водород на Калифорнитетскиот универзитет во Беркли. Глејзер ја прифатил понудата да стане професор по физика на истиот универзитет во 1959 година.[2]:60

Нобелова награда уреди

Глејзер бил награден во 1960 година со Нобелова награда за физика за пронаоѓање на меурната комора. Неговиот изум им дозоволи на научниците да набљудуваат што се случува со високоенергетските зраци од забрзувачот, пополочувајќи го патот за многу значајни откритија.[2]:64–65

Премин кон молекуралната биологија уреди

По освојувањето на Нобеловата награда, Глејзер започал да размислува за замена на физиката со нова област. Тој сакал да се сконцентрира на науката и забележал дека како експеримантите и опремата станувале се посложени и поголеми а со тоа и нараснувале трошоците, тој морал да се занимава сè повеќе и повеќе со административна работа. Тој исто така очекувал дека се посложената опрема ќе предизвика нејзино присуство во одреден број на места со што физичарите ќе мораат во подолги периоди да патуваат за да работат во полето на честичната физика.[2]:68 Присетувајќи се за неговиот интерес за молекуларната генетика, кој започнал во Калтех, Глејзер почнал да изучува биологија. Тој поминал цело лето на МИТ каде се сретнувал со професори и присутствувал на предавања за биологија. Тој исто така поминал еден семестар во Копенхаген со Оле Мале, угледен дански молекуларен биолог.[2]:72

Тој работел во Берклиевата вирусна лабораторија (денес за биохемиска и вирусна лабораторија),[2]:76каде изведувал експерименти со бактериски фаги, бактерии, и клетки на цицачи. Тој го изучувал развојот на клетките на ракот особено на ракот на кожата ксеродерма пигментосум.[2]:69 Како и со меурната комора, тој го користел неговото искуство за дизајнирање на опрема за подобрување на експерименталниот процес. Тој го автоматизирал процесот на слевање на агар, и броењето на колониите во ќелиите го роботизирал. Машината можела да прави фотографии, додава хемикалии и имала механичка рака за да ги собира колониите.[2]:76–77

Трговски друштва уреди

Додека работи во Беркли, Глејзер ја основал Берклиската научна лабораторија заедно со Бил Ватенберг во 1968 година. Краткорочното партнерство се занимавало со автоматизирање на дијагностичките процедури.[2]:88

Во 1971 година го основал претпријатието (Цетус) заедно со Моше Алафи, Рон Кејп и Питер Фарли.[2]:89–90 Глејзер бил претседател на советодавниот одбор за наука.[2]:96 Основачите мислеле дека знаењето кое го поседуваат научниците поврзано со ДНК сè уште не е применето за разрешување на реалните проблеми.[2]:112 Претпријатието се занимавало со развој на микробни низи,[2]:96–97 а подоцна и со генетско инженерство,[2]:110 со што станало првото биотехнолошко претпријатие. Претпријатието Цетус во 1991 година е купено од страна на Хирон[2]:115

Премин кон невробиологијата уреди

Како што молекуларната биологија станувала сè повеќе зависна од биохемијата,, Глејзер повторно сметал дека треба да ја промени својата кариера. Неговото искуство во автоматизирањето на визуелни задачи по физика и молекуларна биологија го наведе да се заинтересира за човековиот вид и начинот на кој мозокот го толкува она што гледа. Тој започнал да работи на компјутерски модели на визуелниот систем и визуелната психофизика.[2]:116

Наводи уреди

  1. Poggio, Tomaso (2013). „Donald Arthur Glaser (1926–2013) Physicist and biotechnologist who invented the bubble chamber“. Nature. 496 (7443): 32. Bibcode:2013Natur.496...32P. doi:10.1038/496032a. PMID 23552936.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 2,17 2,18 2,19 2,20 2,21 2,22 2,23 2,24 2,25 2,26 2,27 2,28 2,29 2,30 Vettel, Eric (2006). „Donald Glaser: The Bubble Chamber, Bioengineering, Business Consulting, and Neurobiology – an oral history conducted in 2003–2004“ (PDF). Regional Oral History Office, The Bancroft Library, University of California, Berkeley. Посетено на 2013-03-02. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. doi:10.1103/PhysRev.87.665
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  4. „Donald Glaser, Young Jewish Nobel Prize Winner, is Contributor to U.J.A“. Archive.jta.org. November 7, 1960. Архивирано од изворникот на 2013-04-15. Посетено на 2013-03-02.
  5. „Donald A. Glaser - Biography“. Nobelprize.org. 2005. Посетено на 2013-03-02.
  6. Sanders, Robert (March 1, 2013). „Physics Nobelist and biotech pioneer Donald Glaser dies at 86“. Newscenter.berkeley.edu. Посетено на 2013-03-02.
  7. Anne Pinckard (21 July 2006). „Front Seat to History: Summer Lecture Series Kicks Off – Invention and History of the Bubble Chamber“. Berkeley Lab View Archive. Lawrence Berkeley National Laboratory. Архивирано од изворникот на 2017-12-24. Посетено на 2009-10-03.

Надворешни врски уреди