Дом на АРМ (Струмица)

Дом на Армијата на Република Македонија — објект кој се наоѓа во Струмица, Македонија.

Дом на Армијата на Република Македонија
Домот фотографиран за време на заедничката седница меѓу Бугарија и Македонија, ноември 2017.
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist
Општи податоци
МестоСтрумица, Македонија Македонија
Координати41°26′32.1″N 22°38′13″E / 41.442250° СГШ; 22.63694° ИГД / 41.442250; 22.63694
СопственикОпштина Струмица

Местоположба уреди

Објектот се наоѓа во Централниот Градски парк, на улицата „Благој Јанков Мучето“. Во дворот на објектот се наоѓа итн. Воен базен, тениски игралишта, картинг и мало паркче.

Историја уреди

Објектот бил изграден во времето на СР Македонија и истиот бил познат како Дом на Југословенската Народна Армија (српскохрватски: Dom Jugoslovenske narodne armije) кога во него бил сместен гарнизонот на ЈНА во Струмица. Како елитен објект, во него обичните граѓани немале слободен пристап, туку дозвола за влез се обезбедувало преку пропусница која ја издавала управата на Домот и со неа можеле да уживаат во услугите на угостителскиот објект и на отворениот базен, на кој во лето свирел воениот вокално-инструментален состав и работела отворената тераса. Во дворот на задниот дел од објектот се наоѓало фудбалско игралиште каде се одржувале летни фудбалски турнири.

По осамостојувањето во 1991 година бил во сопственост на АРМ, но од 2005 година со згаснувањето на касарната во градот бил отстапен на Општина Струмица. Во 90-тите години, големата сала се користела како кино-сала, приредување на игранк додека денес се користи за разни културни манифестации, церемонии и седници на Општина Струмица.

Во следниот период, објектот бил на неколкупати реновирн, а за последен пат во 2017 година при посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Струмица.

Денеска, во објектот е сместен Секторот за локален економски развој при Општина Струмица, а работел и еден од факултетите на дисперзираните студии[1].

На 23 ноември 2017 година, во објектот била одржана прва меѓувладина седница на Бугарија и Македонија во рамките на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји[2].

Наводи уреди

Надворешни врски уреди