Долни Подлог

село во Општина Кочани

Долни Подлог — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.

Долни Подлог
Долни Подлог во рамките на Македонија
Долни Подлог
Местоположба на Долни Подлог во Македонија
Долни Подлог на карта

Карта

Координати 41°53′10″N 22°22′01″E / 41.88611° СГШ; 22.36694° ИГД / 41.88611; 22.36694
Општина Кочани
Население 327 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2300
Шифра на КО 13013
Надм. вис. 309 м м
Долни Подлог на општинската карта

Атарот на Долни Подлог во рамките на општината
Долни Подлог на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во Кочанското Поле, недалеку од текот на Брегалница. Селото е рамничарско, на надморска височина од 312 метри. Од градот Кочани, населбата е оддалечена 4,5 километри, а од патот Кочани - Штип, 2,5 километри.

Историја уреди

Во XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948310—    
1953394+27.1%
1961514+30.5%
1971513−0.2%
1981494−3.7%
ГодинаНас.±%
1991480−2.8%
1994477−0.6%
2002476−0.2%
2021327−31.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долни Подлог живееле 182 жители, од кои 100 Турци, 70 Македонци и 12 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долни Подлог имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[4]

Во 2002 година во селото имало 151 домаќинство и 476 жители, од кои 475 Македонци и 1 останат.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 327 жители, од кои 315 Македонци, 2 останати и 10 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 182 80 310 394 514 513 494 480 477 476 327
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови уреди

Долни Подлог е македонско село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

  • Јаќимови (3 к.), Костови (2 к.) и Мишкови (1 к.) ова се единствените три рода кои живеат во селото од турско време. Првите се доселени од Облешево, а подалечно потекло од Кратовско. Вторите се од селото Уларци. А третите од селото Нивичани.
  • Дедо-Савеви (5 к.), Дедо Данилови (3 к.), Данилови (3 к.) и Јаневи (2 к.) доселени се од селото Пантелеј, и таму се доселени однекаде.
  • Митеви или Велкови (1 к.) и Доневи (1 к.) доселени се од селото Нивичани
  • Гуцови (2 к.), Ѓоргијови (2 к.) и Златкови (1 к.) доселени се од селото Бели
  • Димишковци (3 к.) доселени се од селото Облешево.
  • Депови (3 к.) доселени се од селото Тркање.
  • Баба-Марини (1 к.) доселени се од селото Лешки.
  • Шталкови (3 к.) и Јорданови (1 к.) доселени се од селото Шталковица кај Пробиштип.
  • Арсови (4 к.), Димитриови (3 к.), Велкови (3 к.), Веселинови (2 к.), Цветкови (2 к.), Карафилоски (8 к.), Баба-Марини (3 к.) и Соколови (3 к.) доселени се од селото Небојани.
  • Карови (2 к.) и Митреви (2 к.) доселени се од селото Полаки.
  • Спасенини (1 к.) и Стојилкови (1 к.) доселени се од селото Цера кај Македонска Каменица.
  • Серафимови (2 к.) доселени се од селото Чурилак на Осогово.
  • Паланчани (2 к.) доселени се од селото Псача кај Крива Паланка.
  • Азурови (2 к.) доселени се во 1948 година од селото Зрново кај Драма во Егејска Македонија.
  • Молеровиќи (3 к.) они се Срби по потекло. Доселени се како колонисти од околината на Г. Милановац. Во 1941 година биле иселени во Србија, но се вратиле назад во 1946 година.
  • Стојанкини (1 к.) и Саздови (1 к.) они се Роми по потекло. Доселени се од селото Врбица во 1946 година. Брачни врски одржуваат со православните Роми од селото Мојанци.[11]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 865 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 355 гласачи.[13]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски уреди