Долна Рајна (француски: Bas-Rhin, алзашки: Unterelsàss) е департман во Франција — најнаселениот во областа Алзас на денешниот регион Голем Исток. Населението брои 1.079.013 жители (2006).

Долна Рајна
Bas-Rhin
Департман
Грб на Долна Рајна
Местоположбата на Долна Рајна во Франција
Местоположбата на Долна Рајна во Франција
Координати: 48°49′N 7°47′E / 48.817° СГШ; 7.783° ИГД / 48.817; 7.783
ЗемјаФранција
РегионГолем Исток
ПрефектураСтразбур
(2 округа: градски и приградски)
ПотпрефектуриАгено
Молзајм
Саверн
Селеста
Висембург
Управа
 • Прет. на ген. сов.Филип Ришер (УМП)
Површина1
 • Вкупна4.755 км2 (1,836 ми2)
Население (2006)
 • Вкупно1.079.013
 • Ранг19ти
 • Густина230/км2 (590/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Департман бр.67
Окрузи7
Кантони44
Општини527
^1 Податоци од катастарот на Франција. Не се вбројуваат речни устија, езера, бари и ледници поголеми од 1 км2

Историја уреди

Долна Рајна е еден од 83 департмани создадени на 4 март 1790 г. во текот на Француската револуција.

Кон средината на 1790-тите, по француската окупација на сета лева страна на Рајна, северната граница на департманот е поместена уште посеверно, преку Лаутер, па сè до реката Квајх, опфаќајќи ги подрачјата на Анвајлер на Трифелс, Ландау, Бад Бергцаберн и Верт на Рајна. Но по вториот пораз на Наполеон во Битката кај Ватерло (1815), Виенскиот конгрес ѝ ги доделува териториите северно од Лаутер на Баварија, како и териториите аво соседната покраина Рајнска област-Пфалц.

Во 1871 г. департманот е присоединет кон Германија (по поразот на Франција во Француско-пруската војна) и така останува сè до крајот на I светска војна (1918). За време на II светска војна департманот повторно станува дел од Германија (1940-1945) за потоа конечно да ѝ биде вратен на Франција.

Географија уреди

Реката Рајна отсекогаш играла важна историска и стопанска улога во овој крај. Таа воедно ја образува источната граница на департманот. Во околината се простираат и падините на Вогезите.

Северно од Долна Рајна се протега Фалечката шума во германската сојузна покраина Рајнска област-Пфалц, а на исток се наоѓа покраината Баден-Виртемберг. На југ е департманот Горна Рајна, градот Колмар и јужен Алзас, а на запад е депарманот Мозел.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди