Долени (Костурско)

село во Костурско, Егејска Македонија

Долени (грчки: Ζευγοστάσιο, Зевгостасио или Ζευγοστάσι, Зевгостаси; до 1927 г. Δόλιανη, Долјани[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 6 жители (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]

Долени
Ζευγοστάσιο
Поглед на селото од патот за Мангила
Поглед на селото од патот за Мангила
Долени is located in Грција
Долени
Долени
Местоположба во областа
Долени во рамките на Рупишта (општина)
Долени
Местоположба на Долени во општината Рупишта и областа Западна Македонија
Координати: 40°23′N 21°10′E / 40.383° СГШ; 21.167° ИГД / 40.383; 21.167
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000850000000850 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно6
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

 
Улица во селото

Селото се наоѓа на 12 км југозападно од општинскиот центар Рупишта, во североисточните падини на планината Одре, крај патот за Видолушта, на надморска височина од 850 м. Сместено е меѓу ридовите Гаџавица, Влашки Пат, Братилица, Жилиште и други пошумени со костенови дрвја.[3]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Долани како место со 36 христијански семејства.[4] Според преданието во минатото селото се наоѓало над денешното место - во месноста каде што се наоѓа црквата „Св. Петка“. Селото било растурено за време на Али-паша Јанински, а малку подоцна селаните го подиганале подолу од старото место, бидејќи новата локација била подобра за населба.[3]

Во XIX век Долени било македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Долени имало 224 жители, сите Македонци.[5][6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долени е чисто македонско село во Костурската каза со 32 куќи.[7]

На почетокот на XX век целото население на Долени било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот од 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Истата година турските власти не му дозволиле на учителот Сидер Адамов од Галишта да отвори народно училиште во селото. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долени има 280 Македонци под влијание на егзархијата.[5][9]

Според грчки извори, во 1905 г. во Долени имало 300 жители „Грци“.[10] Селото настрадало од грчки андартски напади.[11] Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 40 македонски семејства.[5][12]

Во Првата балканска војна, 4 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[13]

На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Долени е означено како македонско село.[14]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 344 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 226.[3] Во 1927 г. името на селото било променето во Зевгостасио (Ζευγοστάσιο).[2]

Во меѓувоениот период некои жители се преселиле во Бугарија и прекуокеанските земји. Во 1914 г. 6 жители на Долени, а потоа во 1919 г. уште 8 се иселиле во Бугарија по официјален пат.[3] Во селото имало 2 политички убиства.[10]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Дољани имало 30 куќи на Македонци христијани.[15]

Селото силно настрадало во Граѓанската војна (1946-1949). Загинале 20 селани, повеќе семејства се преселиле, а 7 лица побарале засолниште во Македонија и источноевропските земји.[3] Десет деца се испратени надвор од Грција како деца-бегалци.[10] Оттогаш наваму населението на селото бележи постојано намалување.

Стопанство уреди

Селото се смета за мошне сиромашно, поради што жителите во минатото оделе на печалба и работеле како мелничари. Машкото население одело на печалба во големите градови во Македонија и Грција.[3]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 187 87 81 42 47 30 26 6
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Рупишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Жужелци, во кој влегува и истоименото село.

Општествени установи уреди

  • Поранешно училиште

Културни и природни знаменитости уреди

 
Црквата „Успение на пресв. Богородица

Цркви

Личности уреди

Родени во Долени

Други

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 2024-02-08.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 16.
  4. Yeni, Harun (септември 2006). Demography and settlement in Paşa Sancağı Sol-Kol Region according to Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli Defteri dated 1530 : A Master’s Thesis (PDF). Ankara: Bilkent University. Department of History. стр. 110.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  8. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 125.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  10. 10,0 10,1 10,2 Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Zevgostasi Архивирано на 26 јули 2007 г..
  11. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 220.
  12. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 842. ISBN 954-9800-52-0.
  14. Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
  15. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
  16. Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 77. ISBN 978-960-12-1724-6.
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 610. ISBN 954-9800-52-0.
  18. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 743. ISBN 954-9800-52-0.
  19. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 111. ISBN 954-9800-52-0.
  20. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 745. ISBN 954-9800-52-0.

Надворешни врски уреди