Довлар (грчки: Μαρμαριά, Мармарија)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Довлар
Μαρμαριά
Довлар is located in Грција
Довлар
Довлар
Местоположба во областа
Довлар во рамките на Бук (општина)
Довлар
Местоположба на Довлар во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°10′N 24°20′E / 41.167° СГШ; 24.333° ИГД / 41.167; 24.333
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаНусретли
Надм. вис.&10000000000000252000000252 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно13
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 19 километри источно од градот Драма и на 22 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 252 метри.

Историја уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Мармарија.[4]

Демографија уреди

До 1928 година во селото биле населени 85 бегалци од Турција.[5] Во 1928 година селото броело 97 жители, додека во 1940 година селото броело 124 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 126 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 108 жители, во 1971 година имало 63 жители, во 1981 година имало 38 жители, додека во 1991 година имало 28 жители[6]. Денеска, населението на селото е 13 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 124 126 108 38 28 52 13
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
  3. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 14.