Добриот Вил Хантинг

„Добриот Вил Хантинг“ (англиски: Good Will Hunting) е американски филм од 1997 година, во режија на Гас ван Сант. Главните улоги ги толкуваат: Мет Дејмон, Робин Вилијамс, Мини Драјвер и Бен Афлек. Филмот е добитник на повеќе награди, меѓу кои и две награди „Оскар“, и тоа за најдобро оригинално сценарио и за најдобра споредна машка улога (Вилијамс). Исто така, филмот бил награден и со „Златен глобус“ за најдобро сценарио во игран филм.[1]

„Добриот Вил Хантинг“
РежисерГас Ван Сант
ПродуцентЛоренс Бендер
СценаристМет Дејмон
Бен Афлек
Главни улогиРобин Вилијамс
Мет Дејмон
Бен Афлек
Стелан Скарсгард
Мини Драјвер
МузикаДени Елфмен
КинематографијаЖан-Ив Ескофиер
МонтажаПјетро Скалиа
СтудиоBe Gentlemen
ДистрибутерMiramax Films
Премиерадекември 2 1997 (1997-12-02) (Бруин театар)
декември 5 1997 (1997-12-05) (САД)
Времетраење126 минути
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$10 милиони
Бруто заработка$225.9 милиони

Содржина уреди

Вил Хантинг е бунтовно момче на возраст од 20 години со висок коефициент на интелигенција, кој наместо да студира, работи како домар на МИТ. Детството го поминал во дом за сираци и затоа страда од комплекс на пониска вредност. Кога професорот по математика, Ламбо, им задава задача на своите студенти, Вил ја решава задачата анонимно, но набрзо професорот го открива неговиот идентитет и талент, му поставува услов: ако сака да го избегне затворот, Вил ќе мора да посетува часови по математика и по психологија за да го скроти бунтовниот темперамент. Неколку терепевти се обидуваат да го скротаат Вил, но тој ги исмејува и тие не успеваат. Подоцна доаѓа терапевтот Шон Магуир, кој е добар пријател на Ламбо и професор по психологија во еден факултет. За разлика од другите, Шон успева на некој начин да го скроти Вил и на тој начин тие постепено стануваат и добри пријатели. Шон, во една прилика, му кажува приказна за тоа како се запознал со неговата покојна сопруга и оваа приказна го погодува Вил. Вил води врска со британска студентка Скајлар, но не ѝ открива за неговиот приватен живот. Ламбо се обидува да го вработи Вил, но Вил ги одбива сите работни позиции. Додека Скајлар му открива на Вил дека ќе оди во Калифорнија и дека сака и тој да дојде со неа, но тој за првпат ѝ кажува за неговиот приватен живот и раскинува со неа. Вил исто така одлучува повеќе да не решава математички задачи за Ламбо. Ламбо и Шон се караат за Вил и меѓусебно се обвинуваат. Вил дури и слуша една од нивните расправии, а потоа има последна сесија со Шон. Шон го убедува Вил дека не е тој крив за неговиот бунтовен темперамент и дека треба да го следи својот сон. Шон набрзо се помирува со Ламбо и одлучува да замине за Калифорнија за повторно да се соедини со Скајлар со својот нов автомобил Шевролет Нова, кој му го подариле неговите пријатели за роденденот.[2][3]

Улоги уреди

Наводи уреди

  1. Добри Вил Хантинг (пристапено на 24.2.2024)
  2. „Трогателна приказна за едно неочекувано пријателство“, Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 3.
  3. „Добриот Вил Хантинг“, Антена, број 873, 20.3.2015,стр. 15.