Длабочица (Кривопаланечко)

село во Општина Крива Паланка

Длабочица — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Длабочица

Поглед на Вучково Маало на селото Длабочица

Длабочица во рамките на Македонија
Длабочица
Местоположба на Длабочица во Македонија
Длабочица на карта

Карта

Координати 42°11′54″N 22°14′29″E / 42.19833° СГШ; 22.24139° ИГД / 42.19833; 22.24139
Регион  Североисточен
Општина  Крива Паланка
Област Славиште
Население 77 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1333
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15013
Надм. вис. 722 м
Длабочица на општинската карта

Атарот на Длабочица во рамките на општината
Длабочица на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Куќа во селото Длабочица

Селото се наоѓа во областа Славиште, во западниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, и западно од самиот град Крива Паланка, на оддалеченост од околу 12 километри.[2] Селото е раштркано, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 930 до 1.100 метри.[2]

Куќите на ова село се наоѓаат помеѓу Длабочичка Река на запад и Баштевска Река на исток. Во долниот тек на селото, двете се спојуваат во една, која подоцна се влева во Крива Река. Селото е во насока северозапад-југоисток. Околни села се Петралица на запад, Баштево на север, Габар на север и Т’лминци на исток.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Градиште, Осоје, Врањски Гробишта, Средња ’Ртина, Чанкине Куќе, Аџијци, Деда-Митревци, Клисари, Просеченик, Парлапанци, Долно Поле, Селиште и други.[3]

Селото има разбиен тип. Се дели на следниве маала: Клисарско, Аџијско, Деда-Митревско, Брдачко и Чанкина.[3] Многу од самите маала се поделени на помали групи на куќи, кои една од друга се доста издвоени.

Селото се наоѓа близу до главниот пат Крива Паланка-Куманово, на ридско-планински предел.

Историја уреди

За минатото на селото се знае многу малку. Сепак, во селото се пронајдени старини. Градиште на устието на Длабочичка Река во Крива Река е стрмно карпесто возвишување, во близина на месноста Врањски Гробишта.[3]

Во историските извори се наведува селото Глобочица. Податокот потекнува од 1355 година. Некои автори сметаат дека се работи за денешното село Длабочица.[3]

Едно предание наведува дека ова село некогаш имало само 5-6 куќи, сместени во денешното Клисарско Маало, во горниот дел на селото. Меѓутоа, тие жители развиле активен сточарски живот. Поради тоа, на атарот на селото постоеле сточарски трла, кои во XIX век постепено биле претворани во издвоени маала.[3]

Во XIX век, Длабочица било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Атарот е голем и зафаќа простор од 12 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 516,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 434 хектари, а на шумите само 56,5 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Мештаните се занимавале со земјоделство и со сточарство, но во поново време, многу ниви се останати необработени поради иселувањето на жителите.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948427—    
1953471+10.3%
1961510+8.3%
1971443−13.1%
1981280−36.8%
ГодинаНас.±%
1991216−22.9%
1994208−3.7%
2002144−30.8%
202177−46.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Длабочица имало 500 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Длабочица имало 576 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

По Првата светска војна селото имало 544 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[7]

И во ова село, населението се преполовило. Така, во 1961 година селото броело 510 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 208 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Длабочица живееле 144 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 77 жители, од кои 59 Македонци и 18 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 500 576 427 471 510 443 280 216 208 144 77
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови уреди

Длабочица е македонско село, населено со македонски родови, кои се староседелци и доселени. Доселени се само оние кои живеат во Чанкино Маало.[3]

Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Клисарци (13 к.), Аџијци (13 к.), Дедо-Митровци (9 к.) и Брдарци (8 к.), сите си живеат во посебни маала.
  • Доселеници: Чанкинци (7 к.), живеат во посебно маало. Доселени се од селото Псача.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Аџијци (17 к.) се делат на Баба Ристенци, Вучковци, Митровци и Кенѕа или Станковци. Грци (14 к.), се делат на Ѓоринци и Баба Јанинкинци. Клисарци (12 к.), се делат на Камењарци, Гаванци, Вукинци, Лубарци и Муставинци. Брдарци (6 к.)
  • Доселеници: Маса или Стојановци (1 к.) доселени се 1865 од селото Огут во Горна Пчиња; Метежевци (1 к.) доселени се околу 1870 година од селото Метежево во Горна Пчиња; Чанкинци (2 к.) доселени се од селото Псача; Попиќовци или Мечкарци (1 к.) доселени се во 1937 година од селото Баштево; Агушевци (1 к.) доселени се од Крива Паланка во 1936 година. Они биле Роми.[14]

Општествени установи уреди

 
Поглед на поранешното основно училиште
 
Влезот во гласачкото место во селото
 
Поглед на главната селска црква „Св. Никола“
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било средиште на тогашната општина Длабочица, во која покрај селото Длабочица, се наоѓале и селата Баштево, Борово, Мождивњак, Псача и Т’лминци. Општината Градец постоела и во периодот 1950-1952.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0966 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште. Во избирачкото место е опфатено и селото Баштево.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 232 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]
Реки[19]

Редовни настани уреди

  • Илинден — овој празник се слави како селска слава. Се организира и турнир во мал фудбал на игралиште на ФК „Крива Река“.

Личности уреди

Личности родени во Длабочица:

Иселеништво уреди

Длабочица — село во кое тешко се живее. Повоени иселеници највеќе има во Скопје (20 семејства). Родот Алексовци се иселил во селото Клечевце кај Куманово.[3]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 96. Посетено на 24 мај 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 279–280.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  6. „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София, 1917, с. 30“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-12.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 мај 2019.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 24 мај 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 24 мај 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 10. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди