Дијана Абгар (ерменски: Դիանա Աբգար, 12 октомври 18598 јули 1937) - ерменска писателка, дипломат и амбасадор во Јапонија на краткотрајната Република Ерменија во 1918-1920.[1] Таа е првата жена од Ерменија дипломат, и веројатно првата жена која била назначена за дипломатска функција.[2]

Дијана Абгар
Дијана Абгар
Ерменски амбасадор во Јапонија
На должноста
1918–1920
Претходник нова позиција
Наследник укината позиција
Лични податоци
Роден(а) 12 октомври 1859(1859-10-12)
Рангун, Британска Бурма
Починал(а) 8 јули 1937(1937-07-08) (возр. 77)
Јокохама, Јапонија
Занимање Писателка, хуманист и амбасадор

Животопис уреди

Дијана Абгар, чие крстено име било Гајана, е родена во Рангун, Британска Бурма (денес Јангон, Мјанмар) на 12 октомври 1859 година. Нејзиниот татко имал индиско-ерменско потекло, кој мигрирал во југоисточна Азија од Персија. Нејзината мајка потекнувала од семејство од Иран. Дијана била најмладото од седумте деца во семејството. Детството го поминала во Калкута, каде се школувала. Течно зборувала англиски, еременски и хиндустански јазик. Се омажила со Михаел Абгар.

Во 1891 година, Дијана и нејзиниот сопруг се преселиле во Јапонија заради проширување на семејниот бизнис.[1] Имале пет деца, од кои само три преживеале.[2]

Дијана Абгар очинала во утрото на 8 јули 1937 во Јокохама.[2]

Дипломатска кариера уреди

Кога Република Ерменија прогласила независност на 28 мај 1918 година, не била призната како држава од никого. Сепак, во 1920 година, поради напорите што ги вложила Дијана Абгар, Јапонија била првата држава која ја признала независноста на Ерменија.[2] Поради овие заслуги, Дијана Абгар се здобила со титулата „почесен конзул во Јапонија“.[2] Со ова, Дијана Абгар станала првата ерменска жена дипломат. Во 1920-те години, кога Ерменија влегува во составот на СССР, нејзината функција била укината.[2]

Дела уреди

Откако синот го презел семејниот бизнис, Дијана Абгар имала повеќе слободно време, што го посветила на хуманитарната, книжевната и дипломатската кариера. Соработувала со бројни списанија и весници, меѓу кои: „Јапонскиот гласник“, „Далечниот Исток“, „Јапонски службен весник“, и „Еремнија“ (подоцна прекрстен во „Нова Ерменија“). Најчесто пишувала за ерменските настани во рамките на Отоманското Царство. До 1920 година, таа напишала девет книги посветени на ерменскиот геноцид. Исто така пишувала статии за меѓународните односи и влијанието на империјализмот врз глобалниот мир.[2]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Soghomonian, Sarah (December 2004). „Lucille Apcar Introduces New Book“. Hay Sharzhoom. 26 (#2 (88)). Архивирано од изворникот на 2013-11-04. Посетено на 18 November 2012.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Diana Apcar: The First Woman Diplomat“. Armenian Cultural Foundation. Архивирано од изворникот на 2013-11-01. Посетено на 18 November 2012.