Диумерси Мбокани (Киншаса, 22 ноември 1985) — фудбалер од Демократска Република Конго, напаѓач на Динамо Киев и на репрезентацијата на ДР Конго.

ДР Конго Диумерси Мбокани
Лични податоци
Полно име Диумерси Мбокани Безуа[1]
Роден на 22 ноември 1985(1985-11-22)(38 г.)
Роден во Киншаса, Заир
Висина &100000000000001850000001,85 м[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Динамо Киев Динамо Киев
Број 70
Агент Белгија Кристоф Енроте
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004 Бел'Ор 27 (21)
2004-2005 ТП Мазембе ТП Мазембе 72 (67)
2005–2006Андерлехт Андерлехт 9 (4)
2006-2008 Стандард Стандард 87 (39)
2007-2008 Монако Монако 10 (1)
2008-2013Волфсбург Волфсбург 7 (0)
2013-2014 Андерлехт Андерлехт 53 (34)
2013- Динамо Киев Динамо Киев 48 (24)
2015-2016Норич Сити Норич Сити 29 (7)
2016-2017Хал Сити Хал Сити 12 (0)
Репрезентација
2005- ДР Конго ДР Конго 24 (11)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 3 јули 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 3 јули 2012

Клупска кариера уреди

Мазембе уреди

Тој ја започнал својата кариера во екипата на Бел'Ор од Киншаса, каде станал професионалец во 2004 играјќи во втората лига по ранг во конгоанското првенство.

Во јануари следната година, тој се преселил во Мазембе. За враните играл две сезони, постигнувајќи 67 гола во 72 настапи и ја освоил титулата во сезоната 2006.

Андерлехт уреди

Во текот на летниот трансферен прозорец пред почетокот на сезоната 2006-2007, Мбокани дошол во Европа, како позајмен играч во белгискиот Андерлехт. Своето деби за Андерлехт го направил во 7-мото коло од Белгиското првенство играно на 22 септември 2006, на гостувањето против Шарлероа, влегувајќи од клупата за резерви во 89-тата минута на местото на Ивес Вандерхеге, во натпревар што завршил 1-1. Клубот му оставил мали шанси да ги покажи своите квалитети бидејќи тренерот Френки Веркотерен претпочитал во нападот да ги користи Николас Фрутос и Мохамед Чите. Кон крајот на сезоната, добил можност да игра малку повеќе, поради слабата фитнес форма на Мбо Мпенза и повредата на Чите. Својот прв гол за клубот го постигнал на 29 април 2007, во победата со 5-0 на гости против Роселар. Веќе во следното коло од првенството на Белгија го постигнал својот прв хет-трик и тоа за само 11 минути со головите во 78-мата, 83-тата и 89-тата минута од натпреварот, кој Андерлехт го добил со 8-1 на домашен терен против Беверен. Сезоната ја завршил со вкупно 9 настапи и 4 гола и ја освоил титулата во Белгиското првенство.

Стандард Лиеж уреди

Во јуни 2007, тој се преселил во Стандард Лиеж и добил да го носи дресот со број 9. Во својата прва сезона, постигнал 15 гола и формирал одлично партнерство во нападот со србинот Милан Јовановиќ (вкупно 31 гол постигнале двајцата во сезоната 2007-2008). Со тимот од Валонија ја освоил својата втора титула по ред во Белгиската лига.

Следната сезона, продолжил со одличните перформанси, особено во натпреварите од Купот на УЕФА каде бил стрелец против Евертон (2-2), и против Севиља (1-0). Во лигата, четири пати бил двоен стрелец (против Дендер, Вестерло, Жерминал Биршот и Серкл Брухе) и го поправил својот скор од претходната сезона постигнувајќи 16 гола. Мбокани завршил на второто место на списокот на стрелците за сезоната 2008-09, зад Хаиме Алфонсо Руиз кој постигнал еден гол повеќе.

Сезоната 2009-2010 ја започнал постигнувајќи три гола во осум натпревари, но подоцна за него уследил ужасен пад. И покрај просечните перформанси продолжил да ја има довербата на тренерот Ласло Болони и ја завршил сезоната со четири гола.

Монако и позајмицата во Волфсбург уреди

На 6 август 2010 е потпишал четири-годишен договор со Монако за сума од 7 милиони евра.[3] Тој го направил своето деби со боите на Монако против Осер (2-0), асистирајќи за вториот гол кој го постигнал Обамејанг. Својот прв гол го постигнал на 25 септември против Лорјан (1-2). Наскоро Мбокани се почувствувал помалку удобно и бил отфрлена од страна на својот тренер. Тие не го повикале во тренинг кампот и така Мбокани побарал од управата да му дозволи итно да го напушти клубот.

На 26 јануари 2011, бил испратен на позајмица за шест месеци, со опција за откуп во Волфсбург.[4] Сепак, тој продолжил со лошата сезона и тренерот го изоставил од тимот за остатокот од сезоната. Потоа се вратил во Монако на крајот на сезоната.[5]

Враќање во Андерлехт уреди

На 9 август 2011, Мбокани потпишал тригодишен договор со Андерлехт, кој го купил од Монако за 3.000.000 €.[3] Така, тој се вратил во земјата во која тој ја имал својата златна ера. Во тој период за Андерлехт настапувал и Јовановиќ, неговиот партнер во нападот од времето во Стандард Лиеж. Мбокани пристигнал во белгискиот тим за да го компензира заминувањето на младиот напаѓач Ромелу Лукаку, кој се преселил во Англија во екипата на Челзи.

Почетокот на сезоната (2011-12) за него бил многу тежок, бидејќи најпрво се поврдил за време на една од првите тренинг сесии, поради што бил надвор од игра за два месеци.[6] Потоа, само една недела подоцна го загубил неговиот петмесечен син Давид.[7] Неговото враќање во игра се случило во натпревар од Лига Европа против Локомотив Москва, во кој постигнал гол прославувајќи го на тој начин што ги подигнал рацете кон небото за да го посвети на неговиот син. По бавното закрепнување, се вратил во својата најдобра форма. Најважните натпревар на сезоната бил оној против неговиот поранешен тим, Стандард Лиеж. Иако му бил поништен еден гол, тој сепак постигнал гол, третиот од петте гола на вечерта. Сезоната ја завршил со освојување на својата четврта титула Првак на Белгија, но и титула во Суперкупот на Белгија.

Во сезоната 2012-2013, повторно го освоил белгиското првенство по петти пат и бил втор стрелец во лигата со 17 гола. Исто така бил избран за играч на годината во Белгија.[8]

Динамо Киев уреди

На 21 јуни 2013, Мбокани се преселил во Украина во екипата на Динамо Киев.[9] Првиот гол за Динамо го постигнал на своето деби на 14 јули, во првиот натпревар од првенството против Волин.

Репрезентативна кариера уреди

По добрите перформанси на клупско ниво го добил својот прв повик во 2004 година за квалификациите за Африканскиот куп на нации во 2006 година, но не бил повикан на турнирот. Тој го постигнал својот прв гол во пријателскиот натпревар против Мексико во рамките на подготовките за Светското првенство 2006.

Во 2007 година станал еден од најважните играчи во репрезентацијата на ДР Конго. На 11 август 2010, Мбокани заедно со осум други играчи го одбил повикот за пријателскиот натпревар против Египет, нагласувајќи го недостатокот на организација од страна на федерацијата. Новиот селектор, Робер Нузаре го повикал за натпреварот против Сенегал на 5 септември, по истекувањето на неговата суспензија. Не бил повикан против Камерун на 1 октомври, повторно заради дисциплински проблеми. Сепак, тој му се извинил на селекторот и овој го вратил во репрезентацијата за натпреварот на 27 март 2011 против Маурициус. Во пресрет на натпреварот заедно со неговите колеги од репрезентацијата Седрик Монгонгу и Ларис Мабијала не се појавиле на натпреварот, зошто не биле избрани во почетниот состав. Нузаре тогаш најавил дефинитивно исклучување од репрезентацијата за Мбокани. По оставката на Нузаре, новиот селектор Клод Ле Рој го вратил напаѓачот во конгоанската репрезентација.

Во јануари 2013 бил во составот на репрезентацијата за Африканскиот куп на нации во 2013 година. На турнирот, тој постигнал два гола, и двата од пенал, во првиот натпревар против Гана (2-2), и во третиот натпревар од групата против Мали (1-1). Трите нерешени натпревари во групната фаза не биле доволни за селекцијата на ДР Конго да мине во следната фаза.

Две години подоцна Мбокани бил повикан од селекторот Флорен Ибенге за Африканскиот куп на нации во 2015 година. Тоа бил неговиот втор настап на Африканскиот куп на нациите. Тој ги одиграл од почеток до крај сите три натпревари во групната фаза, но неуспеал да постигне ниту еден гол. Во последниот натпревар од групната фаза Мбокани бил асистент за голот на Жереми Бокила, за израмнување на 1-1 против Тунис, гол кој ќе се покаже одлучувачки за конгоанците да поминат во следната фаза. Во четврт-финалето, ДР Конго го победил Конго со 4-2, а Мбокани постигнал два гола (првиот и четвртиот).

Титули уреди

  Мазембе уреди

  Андерлехт уреди

  Стандард уреди

  Динамо Киев уреди

Хет-трик уреди

Мбокани четири пати во кариерата постигнал по три гол на еден натпревар. Трипати како играч на Андерлехт и еднаш во репрезентативен натпревар.

Натпревари во кој постигнал хет-трик уреди



Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Dieudonne Mbokani Bezua“. Ligue 1. Посетено на 12 January 2011.
  2. fcdynamo.kiev.ua (уред.). „Mbokani Dieumerci“ (англиски). Посетено на 27 јули 2013.
  3. 3,0 3,1 TuttoMercatoWeb.com, уред. (6 август 2010). „UFFICIALE: Monaco, preso Mbokani“.
  4. TuttoMercatoWeb.com, уред. (27 јануари 2011). „UFFICIALE: Wolfsburg, preso Mbokani“.
  5. TuttoMercatoWeb.com, уред. (6 април 2011). „Wolfsburg, Mbokani non sarà riscattato e tornerà al Monaco“.
  6. „Mbokani sidelined already for a while“ (холандски). sporza.be. 15 August 2011. Посетено на 11 August 2012.
  7. „Son of Mbokani dies“ (холандски). sporza.be. 24 August 2011. Посетено на 11 August 2012.
  8. RSSSF, уред. (6 February 2014). „Belgium - Player of the Year Awards“.
  9. TuttoMercatoWeb.com, уред. (22 јуни 2013). „UFFICIALE: Dinamo Kiev, arriva Mbokani dall'Anderlecht“.