Дисел (герм. Düssel) — мала десна притока на реката Рајна во Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Нејзиниот извор е меѓу Вилфрат и Фелберт. Тече кон запад низ долината Неандертал, каде биле откриени фосилите на првиот Неандерталец во 1856. Во Диселдорф ја формира речната делта со спојување на четири водотека (Северен Дисел, Јужен Дисел, Кителбах и Брикербах), кои сите се приклучуваат кон Рајна по неколку километри.

Дисел
Местоположба
Физички особености
УстиеРајна
Должина46 км
Особености на сливот

Диселдорф го земал неговото име од Дисел: Диселдорф значи „село на Дисел“.

51°13′N 6°45′E / 51.217° СГШ; 6.750° ИГД / 51.217; 6.750