Динан (француски: Dinant) — град во регионот Валонија, во покраината Намир во јужна Белгија.

Динан
Dinant
Тврдината, соборната црква и Меза
Тврдината, соборната црква и Меза
Знаме на ДинанГрб на Динан
Динан is located in Белгија
Динан
Динан
Местоположба во Белгија
Координати: 50°16′N 04°55′E / 50.267° СГШ; 4.917° ИГД / 50.267; 4.917
Држава Белгија
Регион Валонија
Заедница Француска заедница
Покраина Намир
ОкругДинан
Управа
 • ГрадоначалникРишар Фурно
Површина
 • Вкупна99,80 км2 (38,53 ми2)
Население (1 јануари 2016)
 • Вкупно13,494
 • Густина140/км2 (400/ми2)
Поштенски факс5500, 5501, 5502, 5503, 5504
Повик. бр.082
Мреж. местоdinant.be

Градот се наоѓа околу 90 километри југоисточно од Брисел, 30 километри југоисточно од Шарлероа, 30 километри јужно од Намир и 20 километри северно од Живе (Франција).

Историја уреди

До X век уреди

Името Динан потекнува од келтскиот Divo-Nanto, што значи „света долина“ или „божествена долина“; исто така може да се преведе како „небесен теснец“ или „светлосен теснец“ (како во современиот велшки Nant Dwyfol).

Областа Динан веќе била населена во неолитско, келтско, и римско време. Првото спомнување на Динан како населба датира од VII век, кога Свети Перпет, бискупот од Тонгерен, кој во тоа време имал престолнина во Мастрихт, го земал Динан како своја резиденција и ја основал црквата „Свети Венсан“. Во 870 година, Карло Ќелавиот еден дел од Динан дал да биде административно управуван од грофот од Намир, а другиот дел од бискупот од Тонгерен, кој во тоа време бил со седиште во Лиеж.

Во XI век, царот Хајнрих IV доделил неколку права врз Динан на Кнежевството-бискупија Лиеж, вклучувајќи пазарни и правосудни права. Од тој период, градот станал еден од 23. кнежевски градови (bonnes villes) на Кнежевството-бискупија Лиеж. Првиот камен мост на реката Меза и големата поправка на замокот, кој бил изграден претходно, исто така датираат од крајот на XI век.

Доцен среден век уреди

Својата стратешка локација на Меза го изложил Динан на битки и грабежи, не секогаш од заколнатите непријатели: во 1466 година, Филип III Бургундски, чичко на лиешкиот бискуп Луј де Бурбон, и синот на Филип, Карло Смелиот, казниле бунт во Динан во текот на лиешките војни, со фрлање на 800 буржуи во Меза и со палење на градот. Економски конкурент на Динан бил градот Бувињ, кој се наоѓал подолу по реката, на спротивниот брег од Меза.

Во доцниот средновековен период, Динан и Бувињ се специјализирале за металство, произведувајќи прецизно леени и завршени предмети во сребрени месингувани легури, наречени dinanderie како и со снабдување на акваманили, свеќници, патени и други олтарни предмети низ долината на реката Меза.

Анри Пирен докторирал во 1883 година со тема за средновековниот Динан.

Стариот режим и Прва светска војна уреди

 
Уништениот Динан во Првата светска војна.

Во војните помеѓу Франција и Шпанија во XVI и XVII век, Динан страдал од уништување, глад и епидемии, и покрај својата неутралност. Во 1675 година, француските сили предводени од маршалот Франсоа де Креки го окупирале градот. На крајот на XVIII век Динан краток период бил преземен од Австрија. Целата лиешка бискупија ѝ била отстапена на Франција во 1795 година. Месингуваните предмети излегле од мода и економијата на градот сега се темелела на штавење кожа и на производство на карти за играње. Познатото динанско колаче (couque de Dinant) исто така се појавило во тој период.

Градот повторно бил разрушен на почетокот на Првата светска војна. На 15 август 1914 година, француските и германските трупи се бореле за градот во Битката за Динан, а меѓу ранетите бил поручникот Шарл де Гол. На 23 август, 674 жители биле погубени од саксонските трупи од германската војска — најголемиот масакр извршен од страна на Германците во 1914 година. За еден месец, околу пет илјади белгиски и француски цивили биле убиени од германските сили во бројни слични прилики.[1]

Динамика на население уреди

Гастрономија уреди

 
Динански колачиња во пекарница во Динан.
  • Колачот фламиш е локална верзија на пита со јајца направен со сирење наречено „boulette de Romedenne“.
  • Динанското колаче е најтврд бисквит во Европа, кое е засладено со вкус на мед.

Сообраќај уреди

Железничката станица во Динан се наоѓа на левиот брег од реката Меза. Секој час воз се упатува кон Брисел, а возењето трае околу 90 минути.[2]

Значајни личности уреди

Следниве личности се родени во Динан:

Наводи уреди

  1. Horne, John; Kramer, Alan (2001). Conclusion and Perspectives. German Atrocities, 1914: A History of Denial. New Haven: Yale University Press. стр. 419. ISBN 0-300-08975-9. Посетено на 8 November 2015 – преку books.google.com.au. ... we have confirmed the official wartime estimates that some 6,500 civilians were killed in Belgium and France from August to October 1914.
  2. „Brussels to Dinant: Train times and train tickets“. www.thetrainline-europe.com. Trainline International Ltd. Посетено на 9 November 2015.

Надворешни врски уреди